Руската амбасада прославуваше тоа што го нарекува Ден на победата, денеска во Скопје. Во својот военохушкачки говор, рускиот амбасадор Баздникин кажа дека „руската војска ќе донесе ред во Украина“ во која, според него, „владеат нацисти“ и дека Западот ги штити. Говорот претставуваше отворена пропаганда на војната, што е во спротивност со дипломатските стандарди.
На церемонијата ѝ се придружија дипломатите на Србија, БиХ и Кина, како и дваесетина локални про-Кремлин ултрадесничарски политичари и активисти.
Во видеото во овој прилог се инсертирани сцени од воени злосторства и разурнувања од руската брутална агресија против Украина.
Видео: Тимот на ЦИВИЛ Медиа