Конференцијата на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ се одржа во Скопје, хотел Парк Резиденс, на 16 мај 2023.
Говорничките и говорниците на Конференцијата опфатија низа општествено-политичките аспекти на односите меѓу заедниците, мултикултурализмот и европските вредности. Настанот се организира во контекст на Светскиот ден на различностите, 21 мај.
Со свое обраќање, Конференцијата ја отвори претседателот на државата, Стево Пендаровски, а клучни говорници беа и националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски, пратеничката Санела Шкријељ, и почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург, Петар Арсовски.
Со свои говори се претставија и двајца градоначалници, Максим Димитриевски и Висар Ганиу.
Меѓу речиси 20 говорници беа и низа претставнички и претставници на експертската и академската заедница, граѓанското општество и медиумите.
Говореа заменик директорот на АОПЗ, Џелал Хоџиќ, универзитетската професорка Ана Чупеска, Зоран Иванов, Љубиша Николовски, Петрит Сарачини, како и ЦИВИЛ-ите Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Драган Мишев и Џабир Дерала. Модераторка на настанот беше Дијана Тахири.
Конференцијата е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“ посветен на промоцијата на мултикултурализмот и европските вредности што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург.
Реализација: Ариан Мехмети
Камери: Атанас Петровски