ДРАГАН МИШЕВ
Студентите на УКИМ кои денеска на Платото на Универзитетот се собраа на заеднички час за искажување почит кон жртвите кои настрадаа при трагичниот настан во дискотеката во Кочани, во траорната атмосфера искажувајќи сплотеност, одржааа седум минутен молк.
И кога сите очекуваа говорници на собирот да бидат студентите, на насобраните прва им се обрати Ректорката, а по неа излезе Министерката за образование , која, каква ли иронија, застана да зборува токму пред Филозофскиот факултет, чии предмети етика и логика неодамна ги укина од програмата за средното образование.
И тука се случи незгодна ситуација. Министерката беше дочекана од студентите со свирежи и извици УА, по што престана да зборува и си замина.
Упс, незгодна ситуација….
Министеркта исвиркана од студентите.Функционериве уште малце нема да можат ни на улица да искочат.
🫢😬😬🫣🫣🤡🤡🤡 pic.twitter.com/GgmcN5I85E
— Робусна Акција (@RoAcX87v2) March 17, 2025
Тоа се случува кога министри ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани и го узурпираа гласот на младите за нивните партиски агенди.
Се чини дека студентите не и ја простија неодамнешната одлука да не им ја зголеми сумата за студентски оброк, кој повеќе од една година е зацементиран на 140 денари дневно, и во услови на галопирачки цени сериозно удира на студентскиот стандард.