Аеродромот Пулково во Санкт Петербург, Русија, беше затворен во неделата, на 10 март, откако се запали хангар, кој се прошири на вкупна површина од 1.000 квадратни метри, јавија локалните (руски) власти, пренесе медиумската платформа на ЦИВИЛ. Според локалните (руски) власти, соборен е дрон.
Други извори наведуваат дека продолжува огромен пожар во близина на аеродромот Пулково во Санкт Петербург, најверојатно предизвикан од системите за воздушна одбрана кои, наводно, собориле беспилотно летало. Пожарот ги ограничи авионските летови на аеродромот.
ЦИВИЛ Мониторинг тимот утврди дека државната новинска агенција МИА објави податок дека се работи за пожар кој зафатил 100 квадратни метри, што не е точно.
ЦМТ