Премиерот Димитар Ковачевски говори на сесијата за официјално отворање на Преспа Форум за дијалог кој оваа година се одржува под насловот „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“.
Преспа форумот за дијалог (ПФД) е платформа создадена од Владата на Република Северна Македонија за да им овозможи на земјите, лидерите, организациите и граѓаните да градат долгорочни односи и да ги зајакнат партнерствата.
Тргнувајќи од резултатите и искуствата кои придонесоа Северна Македонија да се развие во модерна, демократска и мултиетничка држава заснована на европските вредности, ПФД има за цел да инспирира и промовира добрососедски односи и соработка. Замислен е како место за размена на мислења и идеи за можни решенија за отворени билатерални прашања, со што ќе им се помогне на владите, институциите и граѓанското општество, вклучително и на младите, во доследно спроведување на духот и писмото на потпишаните билатерални и регионални договори.
Ова е петта годишнина од постоењето на овој Форум.