Мора да бидам искрен и реален дека на овие парламентарни избори некои структури повторно се обидоа да го вратат тоа националното. Мислам дека тоа е погрешно и политичките структури групи на повисоко ниво треба да поведат ред затоа што ширењето и враќањето на национализмот, знаеме дека сите дека е многу лесно да се добијат избори и да се манипулира со граѓаните со националните чувства, било да се тоа Македонци или Албанци и други нациналности, затоа што иднината е во економијата. Апел до сите политички субјекти е кога ќе излезат на огворница да се борат за економија и кој што ќе направи во наредните четири години, да се борат за социјлана правда, да се борат за ред и поредок во оваа држава.
Сето друго кое што го промовираа на овие избори мене не ми се допадна, но за среќа не успеа и мислам дека граѓаните препознаа дека заврши времето на големи патриоти и големи националисти. Граѓаните се и тоа како свесни дека напредокот на оваа држава и напредувањето и влегувањето во ЕУ е токму концептот на соживот и на мултиетничност и се друго е погубно.
Горан Стојановски, градночалник на Чашка во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа: Иднината на државата лежи во економијата, а не во национализмот