Тони Михајловски, кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, е позитивен на коронавирус.
Тој во видео објава на Фејсбук вели дека и покрај тоа што ги почитувал сите мерки и протоколи, сепак, дошло до оваа ситуација.
„Почитувани граѓани, за жал мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајки ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого, објави на својот Фејсбук профил Михајловски.“