Дел од атмосферата на анти-Трамп протестите што се одржаа во Вашингтон во саботата, пренесе и познатиот Брајан Тајлер Коен на својот ФБ профил. Коен е жесток критичар на Трамп, чија книга „Бесрамно“ стана бестселер на Њујорк Тајмс, во пресрет на претседателските избори во САД.
Доналд Трамп ќе биде инаугуриран за претседател утре, 20 јануари. Програмата на инаугурацијата почнува во 9:30 наутро по локално, односно 15:30 по средноевропско време.
Наместо на отворено, тимот на Трамп одлучи да ја одржи церемонијата на инаугурацијата во затворен простор, поради ниските температури што се очекуваат во текот на денот, што наиде на разочарување на неговите поддржувачи, а на подбив од неговите противници.