• Latest

Видео журнал на ЦИВИЛ за иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, за значењето, активностите и човечката топлина

April 24, 2021

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Видео журнал на ЦИВИЛ за иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, за значењето, активностите и човечката топлина

April 24, 2021 10:52
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Тимот на ЦИВИЛ го објави првиот видео журнал посветен на иницијативата Направи разлика: Почитувај ги различностите во кое тимот говори за значењето и за бројните активности во изминатиот период. Набрзо се најавува и второ издание на видео журналот на Иницијативата. Еве што рекоа членовите на тимот на ЦИВИЛ и на Иницијативата.

Дехран Муратов: Од почетокот на месец март почнавме со проектот Направи промена, почитувај ги различностите и во изминатиот период имавме низа настани, текстови, на копање по архиви, гледавме како во другите држави функционираат општествата, како тие таму ги прифаќаат своите различности.

Дехран Муратов

Копајќи по тоа како нашите невладини организации промовираат различности, наидов на интересен проект којшто го работеше ЦИВИЛ во 2019 година мислам, „Стоп на насилството и екстремизмот“ , а во тој период бев вклучен и јас. Одевме во неколку општини низ државата, Тетово, Скопје, Велес и Куманово, и таму видовме дека има многу дечиња од различна етничка и верска припадност. Тоа што го забележав тогаш е дека тие дечиња учат во различни класови и немаат допирни точки еден со друг, иако учат дури и во истите училишта, како и во различни. Кога се направи проектот, имаше чисти училишта, во смисла на чисти етнички, каде што се учи само на македонски, албански јазик, во проектот на ЦИВИЛ се вклучија деца од тие училишта и за прв пат се составија и деца Македонци и Албанци , Роми и од други националности, и заедно цртаа, заедно упатуваа пораки за љубов, за мир, за соживот. Колку и да се пишуваше на различен јазик, пораката ја разбираа сите. Таа беше убавината на таа различност.

Во мојата колумна ‘ЦИВИЛ – Југославија во мало’, опишав како во една мала екипа, односно од десетина луѓе се состои Југославија. Јас не ја начекав онаа ‘братство- единство’ Југославија, но слушав како им било убаво на моите…

Тоа го дочекав кога дојдов во ЦИВИЛ. При самиот влез видов многу различности. Видов личности од буквално сите етнички заедници. И од сите верски заедници, и можеби јас како верник, немам многу допирни точки со атеисти, но во ЦИВИЛ начекав атеисти коишто се поголеми верници од верниците, но тоа е веќе друга прикаска. Сакам да кажам, во ЦИВИЛ има хармонија, има соживот, има различности. Во ЦИВИЛ не зборуваме како живеат Македонците, Албанците Ромите, Турците, не претпоставуваме, туку прашуваме, си го прашуваме колегата – што сакаат Ромите, или што сакаат Албанците, Турците, Власите, Црногорците, Бошњаците, си ги прашуваме нашите колеги. Исто така, во ЦИВИЛ е интересно што не го следиме Рамковниот договор, туку по дифолт, тоа и е ЦИВИЛ.

Ирена Крџиќ: Откако ја започнавме иницијативата ‘Направи разлика: Почитувај ги различностите’, се заинтересирав како функционираат компаниите ширум светот. Тоа што можев да го дознам, е дека најбитната работа во една компанија, е да се почитуваат различностите на вработените.

Ирена Крџиќ

Со вработување на луѓе со различно етнички, културно и верско потекло, се бележи дека сите заедно придонесуваат за компанијата да има поширок спектар на идеи и искуства, што може да придонесе кон успех на компанијата. Тоа што е многу важно при вработување на лица од различно потекло, е тоа што можат многу повеќе да придонесат за компанијата, за да може да просперира понатаму.

Биљана Јордановска: Пред сè, негувањето на различностите подразбира тежнеење кон почитување и прифаќање на секој индивидуалец, сам по себе, но и како дел од заедницата каде што се признаени индивидуалните разлики. Оттаму, кога зборуваме за различностите во политиката, подразбираме дека секоја влада, политичките партии и заедниците, ќе тежнеат кон ваквото признавање и негување на различностите.

Биљана Јордановска

Политичката разновидност е систем којшто им гарантира подеднаква вклученост на сите граѓани во носењето одлуки коишто влијаат врз градењето на нивниот социјален, економски и општествен живот. Политичката разновидност им овозможува тие да бидат дел од репрезентативното управување, како активни учесници, а не како пасивни посматрачи. На некој начин, политичката разновидност би требало да придонесе кон развивање на инклузијата и почитување на различностите, односно прифаќање различни традиции, идеи и култури, кои ќе градат едно силно, прогресивно и среќно општество, кое ќе може да се соочи со сите предизвици на современиот свет – сегашните, но и оние што ќе ги донесе иднината.

Дијана Тахири: Различностите, посебно во нашето општество, се многу видливи, со тоа што ние живееме во мултиетничко и мултикултурно општество. Тоа што го работев јас се однесуваше на прифаќањето на различностите, инклузијата на различните од нас, прифаќањето и валидацијата на различниот јазик и код, признавањето и препознавањето на јазикот и давањето еднаква важност на сите етнички заедници што живеат во нашата земја.

Дијана Тахири

Со оглед на тоа што целиот наш тим е различен по однос на националност, родова различност, и секаква различност, си разменуваме идеи, кој и што би можел во денот да опфати од аспектот на различности, така што речиси на дневна основа се прават пресеци и одлуки кој која тема ќе ја работи. Имаме убава меѓусебна соработка и тоа тече на тој начин.

Тимот, всушност, целата организација е посветена на следење на сите општествени и политички случувања во државата. Така што делот за различностите, етничките превирања било да се позитивни или какви и да се, секогаш влегуваат во нашиот видокруг, во нашето делување и мониторинг. Така работи нашиот тим.

Џабир Дерала: Направи разлика: Почитувај ги различностите е иницијатива која ЦИВИЛ ја започна на почетокот на март, но таа е своевидно продолжение на минатогодишната иницијатива  „Обединети во различноста“. Секако, ако го погледнете ЦИВИЛ, во текот на 22-те години од своето постоење, всушност, цело време се залага за истите идеи и вредности.

Џабир Дерала

Направи разлика: Почитувај ги различностите е иницијатива во која ние се обидуваме да ги промовираме различностите како богатство, да ги промовираме европските вредности, пред сè, човековите права и слободи, почитувањето на човековото достоинство, слободата, правдата, еднаквоста меѓу луѓето…

Во овој проект, со оваа иницијатива, ние ќе поканиме голем број интелектуалци, јавни личности, популарни личности, ѕвезди, се разбира и граѓанки и граѓани кои со своите идеи, пораки, примери, искуства, можат да придонесат кон формирање на тој убав, прекрасен мозаик на различностите,  низ своите пораки, но и низ своите лични искуства. И во текот на изминатиот месец ние имавме безброј предизвици, почнувајќи од  Ковид -19 предизвиците, меѓутоа и други со кои се соочуваат сите граѓанка и граѓанин во своето секојдневие.

Во нашиот тим се создаде една атмосфера во која практично се натпреварувавме кој аспект ќе го опфатиме и кога ќе се објави тоа. Така, зборувавме за различните аспекти за тоа како се почитуваат и негуваат различностите, еднаквоста и европските вредности во фирмите, во компаниите… Зборувавме за тоа кои се придобивките од еднаквоста и од различностите што се негуваат во компаниите, за тоа како различностите придонесуваат кон успехот понатаму, на пазарот, заради тоа што собираат искуства токму од своите вработени, идеи, токму од своите вработени. Тоа се убави места за работа, каде што се почитуваат луѓето, и се третираат како еднакви меѓусебно, без оглед на тоа какво потекло имаат, од каде доаѓаат, на која возраст се, и со каква ориентација се.

Понатаму, многу пати зборувавме за тоа како се почитуваат различностите во политиката, како се почитуваат различностите воопшто во општеството, што се подразбира почитување и нега на различностите и промовирање на еднаквоста, на европските вредности во едно општество.

Мене лично, силен впечаток ми остави човечката топлина со која сите мои колешки и колеги зборуваат, пишуваат, едноставно, повеќе го живеат она што го има во оваа иницијатива, отколку што воопшто може кој било, на кој било начин да објасни, да опише и да претстави во некаков медиумски продукт.

Дел од тимот на ЦИВИЛ на снимање

***

Многу повеќе за различностите, не само во политиката, туку во изборните процеси, на работните места, или генерално во општеството, можете  да прочитате во категоријата Мултикултура, на ЦИВИЛ МЕДИА.

Текст и фото: Тимот на ЦИВИЛ

 


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ