ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема: „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“ денеска ( 20 мај) во хотел Сити Парк со почеток во 13 часот.
Учесници на панелот ќе бидат Елида Зулбеари, уредничка на Порталб, Ана Цветковска, уредник од МИА и Фиљана Кока, заменик претседател на ЗНМ и новинарка во МРТ. Настанот ќе го модерира Дехран Муратов, ЦИВИЛ.
Со кои предизвици се соочуваат медиумите? Која е улогата на медиумите за промовирање на европските вредности и мултикултурализмот во нашата држава?, се дел од прашањата кои ќе бидат поставени на панел дискусијата.
Во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19, панелот ќе се одржи без публика, а на панелистите ќе им овозможиме да присуствуваат физички и онлајн. Настанот ќе трае 60 минути.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.
Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.