ЗОРАН ИВАНОВ
Ме копка и се думам дали да напишам реченица во врска со пржинскиве избори, всушност прво да се извинам за форматот во прво лице и директеноста и, второ, што и ми е темата, практично нејасното околу етничките предизборни поделби на државните ресурси што ајде нека и не е спорно зашто така се договориле, но дилемата на која сепак нема да ставам прашалник, е како, каде, пред кого и во која форма новиот доизборен премиер и новиот доизборен спикер, пред да седнат на новите функционерски столчиња, ќе го докажуваат својот етнички идентитет и така, прашано во оваа една реченица, ќе се вклопат во меѓупартискиот етно ротациски дил освен ако при изборот не потпишат некаква неуставна па сепак свечена изјава во која отприлика би изговориле: “Се колнам и потпишувам дека сум Албанец”, и вториот во идентичен стил: “Се колнам и потпишувам дека сум Македонец”, па, ете со каков етно микс смутен во овој наш ментално дотраен балкански блендер сме ќинисале накај ЕУ
но не, не оди, вие си знаето ама тоа така повеќе ич не бива, ама ич.