• Latest

Викендов ќе ги утврдат протоколите за училиштата, од август поскапува струјата, ЦИВИЛ го честита Илинден и повикува да се отфрлат национализмот и говорот на омразата

July 31, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Викендов ќе ги утврдат протоколите за училиштата, од август поскапува струјата, ЦИВИЛ го честита Илинден и повикува да се отфрлат национализмот и говорот на омразата

July 31, 2020 17:46
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Струјата поскапува, останува евтината тарифа

Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, денеска потврди дека цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,42 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега.

 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Царовска: Ќе има санкции за компаниите, се испитуваат правните можности

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска потврди дека ќе има санкции за компаниите кои добија државна помош, а не им ја дадоа на работниците.

„Платите итно треба итно да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од страна на компаниите. Направен е голем пропуст и секако санкционирање на компаниите ќе се случи. Во моментов, Генералниот секретаријат ги испитува сите правни можности, се покренуваат сите елементи кои се можни, истакна Царовска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МОН и Комисијата за заразни болести најавија дека ќе ги утврдат протоколите за училиштата по празничниот викенд.

Премиерот и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски на „Утрински брифинг“ изјави дека очекува наскоро да биде формирана новата Влада од страна на СДСМ. Нови избори нема да има.

Владата објави список од компании кои земале финансиска поддршка од државата за исплата на плата на вработените за време на корона-кризата, но не им ја исплатиле на работниците.

Осумдесет и шест отсто од луѓето биле изложени на лажни вести, а девет од десет испитаници на прв поглед поверувале дека веста е точна, покажала анкета во 25 земји спроведена од меѓународната агенција Ипсос.

Владата попладнево информираше за одбележувањето на Денот на Републиката 2 Август во Крушево, Пелинце и во Скопје и за составот на владините делегации кои на трите места ќе положат венци и цвеќе на спомен-обележјата.

Регистрирани се нови 139 случаи на Ковид-19, 534 оздравени и шест починати.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

ЦИВИЛ го честита Илинден и повикува да се отфрлат национализмот и говорот на омразата

Во пресрет на празникот државниот празник Илинден, одредени политички структури ја користат можноста да ги промовираат своите радикални националистички пораки со намера да ги продлабочат тензиите и поделбите по етничка, верска и политичка основа. Целта на ваквите кампањи е да се добијат политички поени на сметка на развојот и интеграциските процеси на нашата земја.

Кардула: Граѓанинот треба да биде гласен, да биде дел од прогресивната борба за подобро општество

Интервју со активистот Зоран Кардула за тоа колку и како уметноста може да придонесе во промоција на зелените вредности, социјалната правда и борбата против национализмот.

Рано предупредување: Следи период на засилување на црната пропаганда

Во наредниот период, особено во деновите кога се прославува државниот празник Илинден, а потоа и во деновите на конституирање на новиот парламентарен состав и процесот на формирање на владата, се очекува нов бран на лажни вести, дезинформации и говор на омразата, како и заострување на реториката и продлабочување на политичките ривалства и тензии.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Истите луѓе, припадници на различните генерации израснати во духот на еднаквоста меѓу сите луѓе, сега живеат живот во кој им посакуваат добредојде на пораките и идеите за поделби, одмазда и терор во своите глави. Историските факти станаа лаги на „мрачните заговорници“, а митовите и легендите за некои други ликови, искривени до непрепознатливост, станаа „новата вистинска вистина““, пишува Џабир Дерала во колумната „Кога можат воловите, можеме и ние“.

Ангела Петровска 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ