Во заедничка работна посета на Република Македонија денеска ќе допатуваат заменик министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Република Чешка, Јакуб Дур и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Изток Мирошич.
Високите претставници од чешкото и словенечкото МНР ќе имаат средба со државниот секретар во македонското МНР, Виктор Димовски при што ќе разговараат за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, внатрешно-политичката состојба во земјата и односите со соседите.
Како што соопшти македонското МНР, во рамките на посетата, високите дипломати од Чешка и Словенија ќе остварат средба и со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Дур и Мирошич ќе одржат и заедничко предавање пред студентите од отсекот за политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини