• Latest

Високите цени си остануваат, а платите одат надолу

September 23, 2024
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Високите цени си остануваат, а платите одат надолу

September 23, 2024 18:24
in АКЦЕНТ, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Ништо од замрзнати цени – ќе се ограничат само маржите. Во меѓувреме, трговците си ги качија цените, дури и на производи кои не беа предвидени да имаат замрзнати маржи. Трговците се секако задоволни, а со нив и коморџиите. А падна и вредноста на просечната плата. Капиталот знае да се чува, а моќта на богатите врз политиката е сѐ поочигледна, пишува Љубомир Костовски, специјално за ЦивилМедиа во анализата под наслов КАПИТАЛОТ ЗНАЕ ДА СЕ ЧУВА: Цените се качуваат пред маржите да се замрзнат, а и платите одат надолу.

Во основа, високите цени си остануваат

За опозициската СДСМ ова е промашена мерка, која според нив нема да даде никаков ефект. „Намалувањето на маржите само на околу 100 производи не е никакво конкретно решение, ниту ќе има сериозен ефект на намалувањето на цените. После мачкањето очи на граѓаните со намалувањето на цените за фломастерите и моливите откако започна учебната година, ова е нова манипулација без никаков ефект кое има за цел само кратко да го смири гневот на јавноста“, велат од СДСМ.

Да не излезе дека постојано ги критикувам нашите телевизии, мора да речам дека тие барем во однос на анкетите за покачувањето на цените и нивните оценки на тој „дисбаланс“ меѓу буџетот на купувачите и профитот на трговците даваат некаков поинаков визуелен впечаток.

Најпрвин бев убеден, рака на срце, дека се работи за вообичаено создавање атмосфера пред власта да се одлучи сепак на некакво повампирување на својот рејтинг во форма на – дефинитивно – чување на основната потрошувачка кошница „од уроци“. Потоа, кога тоа не се случи си помислив дека некој кој дава директиви не си ја повлекол првобитната наредба или дека истата преспала во нечија фиока (верувам дека и тие штабови се, сепак, некаква бројна партиска или парапартиска администрација). Но не. Тоа сепак некаде би се чуло. Да веруваме ли дека и уредниците се луѓе кои мора и самите да набават или направат зимница?

Па во еден неодамнешен текст, објавен на ЦивилМедиа, видовме дека речиси сите телевизии се во загуба (освен една), па малку е веројатно дека газдите ќе бидат сочувствителни со есенските тажалки кои доаѓаат од домашните кујни на новинарите (си имаат тие кујни кон кои треба да покажат респект). Јасно, постои еден „среднорочен план“ – анкетите да ги врзат, се разбира, вештачки со донесување на овие килави мерки со маржите што ќе добијат третман на „соодветен број“, кој одговара на потребите на конфекционирањето на стандардот.

А платите одат надолу

Но не е сѐ само во политиката на цените, кога говориме за заштита на стандардот – видливо е дека паѓа и просечната плата, што ВМРО и нивните компањони го премолчуваат или кажуваат некои бројки кои важеле до неодамна и не се резултат на нивната економска политика.

Така, после седум години постојан раст на просечната плата, во јули годинава има пад, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 1.000 денари пониска од јуни, кога изнесуваше 41.939 според податоците од Државниот завод за статистика.

Во 2015 година, во времето на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата изнесуваше 20.853 денари. Платата постојано растеше со СДСМ со години наназад, во 2020 година просечната плата беше 28.294 денари, во 2022 година беше 34.364 денари а во 2024 година достигна над 41.000 денари.

Подготви: Д. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ