• Latest

Вистиномер: Десет најголеми дезинформации за коронавирусот во 2021 година

January 5, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Десет најголеми дезинформации за коронавирусот во 2021 година

January 5, 2022 10:39
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Лажните вести ги преплавија социјалните мрежи, но и добар дел од медиумите во 2021 година. Ова се должи пред сè на пандемијата со коронавирусот која, иако трае речиси две години, сепак сè уште е главна тема за ширење дезинформации, особено на социјалните мрежи. И покрај тоа што десега во светот од ковид-19 заболеа милиони луѓе, а дел од нив  ја изгубија битката со болеста, сепак, на социјалните мрежи сè уште се шират дезинформации дека вирусот не постои, дека не е изолиран и дека е голема измама за некаков нов светски поредок. Во продолжение прочитајте ги најчестите и најсподелуваните измислици за коронавирусот во 2021 година, пишува „Вистиномер“ во својата ретроспектива.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

ПретходноСледно

1. Коронавирусот е измислен, не постои и претставува измама

Фото: Martin Sanchez на Unsplash

Во голем број на објави на социјалните мрежи сензационалистички и се разбира неточно, се пишуваше дека коронавирусот е измислен и дека всушност не постои, туку станува збор за измама. Ова претставува конспирациска теорија за којашто нема никакви докази, не постојат ниту едни научни студии коишто го потврдуваат ова. Напротив, овој вирус во светски размери и во нашата земја, одзема многу животи и го промени начинот на функционирање во сите општествени сегменти.

Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година. Со оглед на брзиот раст на бројот на заразени и нана починати во многу држави, СЗО прогласи пандемија.

Досега (20.12.2021) во светот заболеа 275.162.398 луѓе, а од нив починаа 5.373.012. Вкупната бројка на  Во нашата земја од почетокот на епидемијата ковид – дијагностицирани  се  221.411 лица, а починати се 7.825.

Сите овие бројки не се само статистика, туку вистински луѓе. Неможно е да се манипулира со толкав број на заразени доколку ковид-19 не постои. Постои и специфичен начин на којшто се детектира вирусот, а тоа е ПЦР тест.

Пандемијата со ковид-19 е и повеќе од реалност, а тоа на своја кожа го искусуваат илјадниците заболени на дневно ниво, а најмногу оние кои ги загубиле своите блиски поради оваа болест. Ширењето на вакви теории базирани на немедицински пристап, претставуваат опасност и се штетни за јавното здравје.

2. Кемтрејлс (авиони нè прскаат со ковид-19 и други хемикалии)

Кондензациски траги од авиони. Фото: Downtowngal на Wikimedia Commons

Една од најчестите и најраспорастранетите лаги за коронавирусот е дека тој се шири така што со него нè прскаат од авиони, а како доказ за тоа се белите траги што ги оставаат авионите на небото.

Теоријата на заговор за „кемтрејлс“, која е стара повеќе од две децении го претставува верувањето  дека патеката односно белата трага што ја создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Ова, се разбира е неточно.

Во екот на пандемијата со коронавирусот, оваа теорија е масовно злоупотребена за да се инсинуира или дека од авиони го фрлаат вирусот или дека авионите не трујат со хемиски супстанци кои ги предизвикуваат симптомите на ковид-19.

Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од кондензација кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови.

Светската здравствена организација официјално тврди дека ковид-19 е инфективна болест предизвикана од коронавирус. Научно е докажано дека тој се пренесува преку вдишување на респираторни капки од некој што е заболен, кои се исфрлаат преку кашлање, кивање, зборување и пеење. За да се инфицира лицето, вирусот мора да навлезе во устата, носот или очите што се случува кога лицата се во близок контакт помал од еден метар со инфицирано лице. Така што, невозможно е инфекцијата да се случи со пуштање на вирусот од авион и од огромна височина.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ