• Latest

Вистиномер: Како да извадите вакцинален сертификат за трета доза вакцина?

December 11, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Како да извадите вакцинален сертификат за трета доза вакцина?

December 11, 2021 11:12
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Министерството за здравство препорача сите вакцинирани со две дози, да примат и трета бустер доза од вакцината против ковид-19, ако се во општа добра здравствена состојба и ако се изминати шест месеци од втората доза, граѓаните ја имаат таа можност на повеќе вакцинални пунктови во земјава, без закажување. Меѓутоа, доказот дека сте примиле трета доза вакцина е внесен во вакцинален сертификат кој се вади електронски, а не преку матичниот лекар, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

На порталот за вакцинација – vakcinacija.mk постои можност да се извади сертификат за трета доза вакцина. Процедурата е прилично лесна. Најнапред се регистрирате на vakcinacija.mk со вашиот матичен број и со бројот на телефон. Преку СМС порака добивате код кој го внесувате и на тој начин добивате можност да се најавите. Потоа, влегувате во полето „најава” каде ги внесувате вашите матичен број и лозинка. Откако ќе се отвори вашиот профил (страница) има „копче“ со кое може да го избришете сертификатот. Го бришете и го генерирате новиот, го преземате, симнувате и го печатите. Потоа и во системот „Мој Термин“ е автоматски генериран и достапен новиот сертификат со три примени дози.

ТРЕТАТА ДОЗА НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА

Третата доза вакцина против ковид-19 не е задолжителна, а со тоа и серификатот е валиден и со две примени дози. Засега е личен избор на секој граѓанин дали ќе го генерира новиот сертификат или ќе го користи стариот, со само две примени дози. Од „Мој Термин” велат дека новиот сертификат со три примени дози не може да се генерира автоматски, бидејќи тоа би значело поништување на старите сертификати, а можеби некој граѓанин го приложил некаде како документ за доказ за вакцинација, па само може да му се направи административен проблем доколку стане неважечки. Вака, со мануелно бришење, па генерирање на сертификатот, секој граѓанин самиот одлучува кога ќе си генерира нов сертификат со трите дози.

Засега сертификатите за вакцинација немаат ограничен рок на важност, односно важат најмалку една година од вакцинирањето.

ЕВРОПСКИ ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ

Освен националниот сертификат со три дози, на vakcinacija.mk е достапен и Европскиот дигитален сертификат, кој секој пациент може да го креира, симне и испечати. Единствен проблем кој може да се јави во процедурата е кога телефонскиот број внесен во Мој термин, веќе не е актуелен. Тогаш пациентот не може да се најави и мора да се обрати кај матичниот лекар за да го смени бројот во системот.

Европскиот ковид сертификат изгледа како прикажаниот подолу.

Може да се избере меѓу трите понудени опции, да се преземе ЕУ сертификатот во ПДФ форма, да се избрише ЕУ сертификатот, па да се креира нов, или да се преземе сертификат за прележан ковид-19 кој се генерира за позитивен ковид ПЦР тест не постар од 9 месеци. Сепак, сертификатот за прележаност во земјава е валиден само 45 дена кога станува збор за посета на јавни објекти или настани. После тие 45 дена, се препорачува граѓанинот доколку е во општа добра здравствена состојба, да се вакцинира.

За да креирате пак комон пас сертификат за патување, мора да ја преземете мобилната апликација од Google Play Store / App Store. Потоа во мобилната апликација внесете го активацискиот код: CPNMKD и скенирајте го QR кодот од преземениот сертификат за патување CommonPass. Повеќе за Комон Пас може да прочитате на commonpass.mk.

CommonPass потврдата е дигитален доказ дека едно лице е вакцинирано против ковид-19 или има негативен резултат од направен тест. Оваа потврда е во дигитална или во печатена форма, со кју ар код, бесплатна, на англиски јазик, безбедна и сигурна.

Лицата кои сакаат да го користат CommonPass, можат да пристапат до нивните резултати од лабораторија или до потврдите за вакцинален статус преку постојните национални здравствени системи или регистри.(https://www.vakcinacija.mk)

CommonPass платформата проверува дали лабораториските резултати на лицето и вакциналните податоци се веродостојни и дали ги содржат барањата за здравствен скрининг на земјата на дестинација. Доколу барањата се исполнети, CommonPass креира едноставен дигитален сертификат кој лицето може да го покаже или сподели без да открива лични здравствени информации.

CommonPass е дизајниран со можност за пристап директно преку други апликации и услуги. Со CommonPass и CommonTrustNetwork, владите можат со сигурност да го проверат верификуваниот ковид статус на секој патник, а авиокомпаниското и прекугранично патување може безбедно да се вратат во „нормала“ за патниците, авиокомпаниите и владите.

Во ова упатство има инструкции за користење на мобилната апликација.

Важно е да се напомене дека откако еднаш ќе ви биде издаден сертификатот, менување на истиот не е можно, па затоа е од круцијална важност да се осигурате дека бројот на пасош што го внесувате, е идентичен со бројот на пасошот кој го имате, објаснува „Вистиномер“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ