• Latest

Вистиномер: Нема никакви подготовки за војна, туку се купува опрема согласно планот за модернизација на армијата

April 16, 2022
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Нема никакви подготовки за војна, туку се купува опрема согласно планот за модернизација на армијата

April 16, 2022 15:36
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Армијата навистина ќе се поднови со возила и артилериски системи, но чиста дезинформација е дека Македонија се подготува за војна, па затоа и купува нова воена опрема. Во  врска со ова од Владата за „Вистиномер“ одговорија дека средствата за набавката на воена опрема се планирани во буџетот за одбраната за 2022 година,  кој е јавно достапен и е во согласност со долгорочниот и среднорочниот план за развој на одбранбените способности, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Пост на Фејсбук пласира дезинформација дека со купување на воена опрема Македонија се подготвува за војна, а на самиот пост во прашална форма пишува: „се спремаме и ние?“.

Станува збор за манипулација во самиот наслов на текстот прикажан во рамките на постот којшто во моментот на рецензијата има над 300 коментари и 21 споделување:

Македонија се спрема за војна? – Ќе купуваме возила и артирелиски системи.

Вистина е дека армијата ќе се поднови со возила и артирелиски системи, но чиста дезинформација е дека Македонија се подготува за војна, па затоа и купува нова воена опрема.

На 36 -та седница (05.04.2022), на предлог на Министерството за одбрана, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата и го донесе годишниот план на Владата на Република Северна Македонија за склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2022 година.

Планот содржи 8 проекти кои ќе се реализираат преку склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на Алијансата, со кои согласно Планот за модернизација на Армијата се предвидени набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили, Со наведената опрема ќе се зголеми опременоста на Армијата на Северна Македонија и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји, стои во веста поврзана со купувањето на воена опрема, а објавена на официјалната интернет страница на Владата на Р.С. Македонија.

Во  врска со ова „Вистиномер“ се обрати до Владата од каде ни одговорија дека средствата за набавката на воена опрема се планирани во буџетот за одбраната за 2022 година, кој е јавно достапен и е во согласност со долгорочниот и среднорочниот план за развој на одбранбените способности.

Јавно достапна и повеќепати е повторена информацијата дека во Буџетот за одбраната за 2022 година над 30 отсто од средствата се предвидени за модернизација на Армијата. За овие 8 проекти за набавки, преку склучување на договори Влада со Влада, за оваа година се предвидени 48 милиони евра. Опцијата за склучување на договори Влада со Влада обезбедува највисока транспарентност и елиминирање на простор за корупција при склучувањето на договорите,ни одговорија од Владата.

Од сето ова можеме да заклучиме дека станува збор за наслов кој е делумно неточен. Вистина е дека армијата ќе набави воена опрема, но не е точно, како што пишува во насловот, дека Македонија се подготвува за војна, ставајќи го во контекст купувањето на воени возила и артирелиски системи.

Очигледно преку насловот од веста постирана на Фејбук, која е доста вирална, читана и коментирана , се сака да се рашири страв и паника кај населението, кое и онака е растревожено со оглед на случувањата во Украина, дека Македонија се подготвува за војна.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ