Од моите досегашни консултации имам впечаток дека невладините организации би сакале повеќе да се мониторинг отколку директни учесници во преговорите. Тоа е легитимно и ако одиме во таа насока, јас инсистирам и инсистирав тие да го кажат моделот што им е најприфатлив. Владата е отворена за било кој модел, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека ќе се разговара на која основа ќе биде соработката, колку време ќе отстапат НВО и дали ќе може државата да плати за тој труд.
Тоа се прашања што ќе ги решаваме во од, но нам ни е битно дека во наредните две недели ќе имаме идеја што и како ќе се случува, истакна Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека наредната недела ќе се организира презентација и ќе се дадат опциите за вклучување на невладиниот сектор.