Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ги осуди навредите кои функционерoт на ДУИ, Бекир Асани во интервју ги упати кон претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.
– Наша волја е да создадеме законска рамка за да можат новинарите да ја завршат слободно својата работа, и политичка волја да осудиме и да им помогнеме на новинарите во остварувањето на нивните задачи, истакна денеска Османи, одговарајќи на прашање зошто досега не е санкциониран нивниот член, кој упати закани кон претседателот на ЗНМ, Селмани.
Тој додаде дека ова го прават без никакво двоумење или заштита на било кој, вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија.
– Ова го правиме без никакво двоумење или заштита на кој било вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија, така да немаме дилема во тој дел, рече Османи и потенцира дека не смеат да ја преземат улогата на истражни органи за да можат да казнат некого.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.