Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид-19, согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, се дополнети и ажурирани со последните усвоени измени и дополнувања со кои се регулираат повеќе области.
Ажурираните протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување и спречување на ширење на коронавирусот можат да се најдат на страната на Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk/protokoli-
Што се однесува до протоколот за работа и отворање на кафетерии, како и за угостителски објекти за исхрана, се забранува организирање на прослави (веселби, родендени и сл.) во отворен и затворен дел од објектот, организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи), максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица и се ограничува максималното ниво на бучава во кафетерии на 55 децибели.