Во ова видео обраќање, актерката Владанка Димковска ги повика младите да застанат во одбрана на различностите и да покажат дека нашето општество може да биде обединето во своите различности.
„Ние младите мора да застанеме храбро и борбено во одбрана на различностите. Ние треба да покажеме дека ова општество може да биде обединето во своите различности и дека тоа е убавото. Ние младите сме клучот за едно општество за сите“ – повикува актерката Димковска.
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.