• Latest

Владата ќе ја одржи 63 седница

April 10, 2018

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владата ќе ја одржи 63 седница

April 10, 2018 10:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На дневниот ред на денешната седница Владата ќе ја разгледа информација во врска потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на Република Бугарија за спојување на ден-однапред пазарите на електрична енергија. 

„Една од целите на оваа иницијатива е нашата земја да се приклучи на внатрешниот пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа, со цел на учесниците на пазарот да им се понудат нови деловни можности и прекугранична трговија за постигнување на ефикасност, конкурентни цени и повисоки стандарди за услуги“, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.

На оваа Владина седница треба да ја разгледа и информацијата за постапување по обраќањата и препораките на Народниот правобранител упатени до Владата, органите на државната управа, други органи и организации што имаат јавни овластувања, во октомври, ноември и декември 2017 година.

Министрите во Владата на седницата ќе се произнесат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица.

На предлог на Министерството за финансии на денешната седница ќе се разгледа и предлог-решението за формирање Комисија за следење на развојот на системот за финансирање на општините.

На оваа седница Владата се очекува да го даде своето мислење за предлозите за измени и дополнувања на законските решенија за технолошките индустриски развојни зони и за Законот за здравјето на растенијата, кои доаѓаат како предлози од Собранието на Република Македонија, кое од оваа седница очекува и мислење од Владата за годишниот извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2017 година.

Од годишните извештаи на денешната седница на Владата ќе биде разгледан и Годишниот извештај за работата на Управата за финансиско разузнавање во 2017 година.

На денешната, 63 редовна седница, која се очекува да започне напладне, ќе бидат разгледани и повеќе други точки на дневниот ред од интерес на граѓаните и од програмата за работа на Владата, наведуваат од Владината прес-служба.


извор: МИА

Tags: владаседница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ