Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за подготовка на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) со Акциски план.
Со оваа предлог стратегија се даваат насоки, правци за подобрување на целокупниот правосуден сектор преку надминување на постојните недостатоци како од нормативен така и од институционален карактер, соопшти владината прес-служба.
Стратегијата е проследена со Акциски план што содржи активности, мерки и рокови со чие спроведување се очекува да се достигне крајната цел на стратегијата – враќање на довербата во институциите преку обезбедување на правна сигурност и пристап до непристрасна и квалитетна правда за граѓаните.
Нацрт-Стратегијата пред да биде доставена во владина процедура за нејзино усвојување, беше во три наврати доставена на мислење до Европската Комисија.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.