• Latest

Владата без став за рудниците, блокадите кај Иловица продолжуваат

June 20, 2019
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владата без став за рудниците, блокадите кај Иловица продолжуваат

June 20, 2019 11:07
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата не расправала за ситуацијата со блокадите кај рудникот Иловица, дополнително ќе информираме доколку стане збор за тоа, е одговорот на владината прес-служба на прашањето на МЕТА за ставот во врска со случувањата во струмичките села Штука и Иловица, каде веќе трет ден траат блокади на приодот кон локацијата на идниот рудник за бакар Иловица.

Како што и најавија во вчерашното соопштение до јавноста организаторите на отпорот против отворање на рудникот Иловица, „Младите на Иловица и Штука против рудникот“, поголема група локални жители и неколку возила и денес во 5 часот изутрина ги спречија работниците на  „Еуромакс Рисорсис“ и археолозите на Заводот за заштита на споменици и Археолошки музеј од Струмица да излезат на терен каде беа започнати археолошки истражувања на неколку локалитети, финансирани од  „Еуромакс Рисорсис“, кој е концесионер на рудникот, јавува МЕТА.

„Излеговме една група од околу 50-60 луѓе со трактори, со автомобили и со цврста волја против рудникот на смртта. И можам да кажам дека ова беше успешно, бидејќи конвојот на „Еуромакс Рисорсис“ беше спречен“, изјави Милена Зафирова, еко-активистка од „Младите на Иловица и Штука против рудникот“, жителка на село Штука.

„Еуромакс Рисорсис“ финансираше археолошки ископувања на просторот на концесијата, во изведба на струмичкиот Завод за заштита на споменици и Археолошки музеј. Ова предизвика револт кај жителите на најзасегнатите села, Штука и Иловица и тие најавија дека ќе го блокираат приодот кон локациите на археолопките ископувања се додека екипите на терен не се повлечат.

Мештаните се загрижени за тоа дека ископувањата ќе значат отворање на рудникот, но и дека на компанијата не и е во интерес да излезе на виделина дека во ридовите над Штука и Иловица, на теренот на кој треба да се гради идниот рудник, има вредни археолошки наоѓалишта бидејќи тоа би ја попречило експлоатација на рудното богатство.

Според директорот на струмичкиот Археолошки Музеј, Ацо Манински, археолозите се наоѓаат помеѓу два огна додека растат тензиите помеѓу групата која блокира и групата работници ангажирани на археолошките ископувања од страна на финансиерот „Еуромакс Рисорсис“, бидејќи секојдневно ги губат ветените дневници.

„Се обидовме на собраните селани да им објасниме дека ние, археолозите, не сме нивниот проблем, но сепак се повлековме за да не дојде до посериозни инциденти“, додава Манински.

Тој вели дека засега не била побарана полициска асистенција, но не ја исклучува можноста таа да биде побарана доколку не бидат во можност да ги реализираат обврските околу истражувањата за кои имааат дозволаа од Министерство за култура.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ