Владата донесе одлука на естрадните уметници (околу 731), да им даде финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати (21.776 денари).
„Се грижиме за сите граѓани и го дополнивме Пакетот 4 за поддршка во справувањето со последиците од КОВИД-19 кризата. На денешната редовна 28 седница на Владата донесовме одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра“, објави премиерот Зоран Заев.
На 3 декември во рамки на Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права ЦИВИЛ организираше панел дискусија на тема „Општеството во пандемија, изведувачките уметности на раб на опстанокот“.
На панелот говорници беа Јасмина Никуљска од Министерство за култура, Оливер Белопета, Скопје џез фестивал, Ирена Стеријоска, режисерка, Никола Наумоски од Град Скопје и Трајко Симоновски, музичар, Здружение на музичари „Музика сега“.
Учесниците зборуваа за тоа со какви предизвици и тешкотии се соочуваат за време на пандемијата.