• Latest

Владата не прифатила ни разговор за идентитетот, Апасиев изгубил контакт со реалноста и се срамоти по социјалните мрежи

November 29, 2020

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Владата не прифатила ни разговор за идентитетот, Апасиев изгубил контакт со реалноста и се срамоти по социјалните мрежи

November 29, 2020 01:06
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Лажниот левичар и ултранационалист, без ни малку срам и достоинство, продолжува со својата евтина кампања со плитки лаги. Навистина, зачудува тоталното отсуство на такт во неговото јавно произнесување на сериозни теми. Лумпен политикантот на кој му успеа со лаги, говор на омраза, пцости и евтин, вулгарен и примитивен популизам да дојде до пратеничка фотелја, деновиве продолжува со себеразоткривање и срамотење.

Со својата најнова Фејсбук будалаштина, Апасиев изврши уште едно политичко самоубиство. Како последен аматер, без трошка доследност, тој изнесува хипотези кои се само во неговата глава. „Ако владата прифатила оти македонскиот јазик е заснован на западно-бугарскиот дијалект…“

Општо познато е дека Владата не само што не прифатила такво нешто, туку нема ни намера да разговара за идентитетот и автохтоноста на македонскиот идентитет и јазик. Што значи тоа? Дека Апасиев си ја отепа „стратегијата“ во старт? Тоа е, ништо друго.

Апасиев, узурпаторот на партијата Левица, уште еднаш покажува дека нема контакт со реалноста. Во неговата параноја тој блада за тоа дека владата прогласила „војна против народот“, повикува, не за прв пат, на некакво обединување и формирање „опозициски антивладин фронт“. Оној што ќе ги стрелаше сите, а си поќуте кога Мицкоски не му даде збор на собиранката вчера, веќе никако не може да ја скрие својата цврста спрега со вмровецот Мицкоски.

Нема потреба еден ваков лик да го брани македонскиот јазик, идентитет и државност. Ниту некој ќе прифати дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, ниту, пак, Апасиев ќе обедини било што и било кого. Тој може само да разединува и да колве како врана, не да обединува.

Кој што прави, тој лудува по социјалните мрежи, навредува новинари и активисти, се заканува и измислува. Колку и да се труди човек да не му придава значење, сепак, некои работи не смее да му се премолчат. Некој мора да му каже дека го изгубил контактот со реалноста и – или да го земе на одговорност, или да му помогне да ги надмине очигледните проблеми што ги има со и во себе. Многумина оправдано констатираат дека е непресметлив.

Се работи за лице кое, освен платата што ја лапа од државен универзитет кој го плаќаме сите ние, сега е и пратеник, а да не говориме за големите пари што му се на располагање од буџетот на државата за партиите. Притоа, сега е заштитен и со пратеничкиот имунитет, па дополнително се чувствува недопирлив.

Апасиев треба да знае, за гласот на разумот не постојат недопирливи луѓе. Мора нешто да преземе, ако не сака да остане запаметен како ноторен лажго, квази интелектуалец, валкан и вулгарен кавгаџија, лаком грабливец и узурпатор, соучесник на Мицкоски во хистеријата и деструктивноста, националист и ултрадесничар…

Ненадоместлива е штетата што им ја прави на младите луѓе на факултет, а уште повеќе од позиција на пратеник за целата јавност, рамо до рамо со вмровците на Груевски. Овие будалаштини може да ги сопре само јавноста. Со сите свои постапки, Апасиев покажува дека сака да биде изолиран. Треба да му се исполни желбата.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ