Обезбедени се финансиски средства за итна набавка на инкубатори за Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК).
„Владата на Република Македонија на 33-та седница донесе одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Македонија за 2017 година, за да се обезбедат финансиски средства за набавка на соодветните инкубатори во итна постапка за Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, како и за дел од останатите јавни здравствени установи во државата“, соопшти владината прес-служба.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.