Од утре, 12 мај, полицискиот час започнува од 24:00 часот и ќе трае до 04:00 часот наутро наредниот ден.
Вака одлучи Владата на денешната седница, со што го скрати времетраењето на полицискиот час на 4 часа во текот на ноќта, иако предлогот од Кризниот штаб беше да трае до 5 часот наутро.
Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

















