• Latest

Владата со 26 мерки, ваучери за храна, основни производи без ДДВ и намалени цени на горивата, ЦИВИЛ гласно за еднаквост на жените, оштетена нуклеарната централа Чернобил

March 9, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Владата со 26 мерки, ваучери за храна, основни производи без ДДВ и намалени цени на горивата, ЦИВИЛ гласно за еднаквост на жените, оштетена нуклеарната централа Чернобил

March 9, 2022 16:56
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Јавен настан на ЦИВИЛ за еднаквост на жените

ЦИВИЛ организираше јавен настан „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“, како дел од серијата под заеднички наслов „Во фокусот на ЦИВИЛ“. Учесници на панелот се г-ѓа Савка Тодоровска од СОЖМ, Тамила Велковска претставничка на украинската заедница во РСМ, Дороти Пачкова од „Една може“ и Мерсиха Смаиловиќ од Легис.

Панелот е посветен на прашања за институционалниот, државниот и општествениот однос за правата на жените,  еднаквоста на жените и нејзиниот декларативен статус, како и причините, дејствијата и можните решенија кога станува збор за статусот на жената во општествено-политичките дискурси.

„Од почеток на војната безброј Украинки доброволно се пријавија да служат во првите борбени линии. Илјадници жени сега во моментот кога разговараме, не само што се борат со окупаторите туку изнесуваат ранети, се грижат во болниците, приготвуваат храна, се убедуваат да ги утешат децата, да ги изнесат луѓето од окупираните територии. За мене не се херои само тие жени, туку и тие што се низ целиот свет кои се обидувааат на секој начин да пружат помош, организираат сместување на бегалци и Украинци што од секаде во светот собираат хуманитарна помош, организраат протести… Нашиот отпор има неверојатно женско лице“, вели Велковска.

„Не можеме да бегаме од една реалност дека сите позции на жената е по партиска линија, освен нели во семејството. Тоа не можеме да го измениме, но можеме да влијаеме на жените во политиката да бидат активни, да бидат вредни, да не бидат „скромни“, да се поставуваат, да бараат да лобираат за позиции коишто сметаат дека можат да ги зевземат“, вели Тодоровска.

„Во одонос на препораки она што „Една може“ постојано го зборува и лобира се квоти. Само кога има квоти за жените од ранливи и маргинализирани категории, на пократки стази, со цел да ги демаргинализираме. Тоа се вика позитивна дискриминација и е алтка која многу европски земји ја користат токму за да ги извлечат различните категории на граѓанки и граѓани од независните позиции во кои се наоѓаат“, додаде Пачкова.

„Меѓународниот ден на жената значи да се излезе од границите на тоа што ние го сфаќаме. Еднаш во колуна објавена на ЦИВИЛ дека феминизмот не припаѓа само на белата жена и дека другите жени го немаат истиот пристап, ниту можност за еднаква, силна, борба каква што е за нас… Жената бегалка во Македонија е постојано настрана од рефлекторите“, додаде Смаиловиќ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Учеството во која било странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело. Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми, велат од МНР. 

ВОЈНА ВО УКРАИНА 

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба објави дека е оштетена единствената линија за напојување на нуклеарната централа Чернобил и сите нејзини нуклеарни постројки контролирани од руската армија. Чернобил е без енергија.

Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников апелира да не се споделуваат информации за оружјето коешто другите држави ѝ го даваат на Украина. Непријателот не треба да знае што да чека. Нека биде непријатно изненадување за него, вели тој.

Руските напаѓачи оштетија 61 болница во Украина, изјави министерот за здравство Виктор Лиашко во етерот на украинските ТВ канали, пренесува Укринформ.

Во рускиот воздушен напад врз Малин загинаа пет лица, меѓу кои и две деца, во регионот Харков бомбардирани електрани, инфраструктура, станбени згради.

Советот на Европа во заедничка изјава денеска ја осуди руската агресија врз Украина, а реакцијата на раководството е објавена на официјалната веб-страница на Советот на Европа.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ВЛАДИНИ МЕРКИ Дел од пакетот мерки на Владата се намалувањето на повластената стапка на ДДВ за лебот, шеќерот, брашното тип 400, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата. Се замрзнуваат и маржите за основните прехранбени производи, а се укинуваат и царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи. Предвидени се и ваучери во вредност од илјада денари за купување на основните прехранбени производи за три месеци за околу 35 илјади граѓани од ранливите категории.

ХУМАНИЗАМ За Украинците кои пристигнаа во Република Северна Македонија поради војната на територијата на Украина и бараат место за живеење, како и  граѓаните на Северна Македонија, кои имаат можност да помогнат во сместување на лица од Украина или да ги сместат бесплатно во своите домови, во функција е страната „Прихисток“ https://prykhystok.in.ua/, соопштуваат од украинската амбасада во Скопје.

РЕАКЦИЈА Од Британска амбасада во Северна Маедонија излегоа со соопштение по повод полемиките кои се појавија во јавноста, проследени со непримерен говор на омраза по социјалните мрежи, по повод посетата на македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска на Обединетото Кралство, каде за време на пречекот од страна на Почесната гарда, во чест на министерката  беше отсвирен и сегмент од македонска народна музика, „Јовано, Јованке“.

ИНЦИДЕНТ Четири автомобили се опожарени, меѓу кои и возилото марка ауди Q3 на сопругата на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

КОВИД МЕРКИ Владата ги укина ковид-сертификатите за влез во молови и за излез од државата. Се укинува и одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Истовремено Владата ја прифати и препораката бремените жени да се вакцинираат.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски

„Деновиве мора да е тешко да се биде руски дипломат во поголемиот дел од светот. Не само затоа што и тоа се луѓе кои имаат совест, веројатно распната помеѓу, од една страна, агресивната официјална политика на Кремљ и сопствениот патриотизам; и, од друга страна, реалните информации за случувањата во Украина до кои тие – за разлика од нивните сограѓани во Русија, „поклопени“ од интензивните манипулации на суровата државна пропаганда на Путин – ги имаат на слободно располагање во земјите во кои се на служба… Туку и поради комплетната затеченост од развојот на состојбите во кои и самите се најдоа“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Осамениот руски амбасадор во Скопје“.

Дмитро Кулеба

„Ние навистина ја гледаме и чувствуваме солидарноста на светот. Благодарни сме за неа. Гледаме дека светот му се восхитува на нашиот народ, на нашата армија, на нашиот Претседател и тоа не исполнува со гордост. Но, за да се запре Путин потребни се решителни и итни чекори. Ни требаат борбени авиони. Ни треба ефикасна противвоздушна и противракетна одбрана. Ни треба заштита на нашето небо за да го запреме убивањето на цивили од руски авиони и ракети“, пишува Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина, во колумната „Светот може да направи повеќе за да ѝ помогне на Украина“.

Стевче Дечев

„Да се бара слобода, правда и демократија е возвишена човечка должност и одговорност, не предавство. Да се тепа, мрази и брани криминалот – тоа е предавство!“

За мирот како императив се воспитуваат генерации. За мирното решавање на конфликти се учат методи. Мирот носи просперитет и благосостојба. Но мирот мора и да се чува и тоа ненаивно туку решително. А дел од оние кои наштетуваат и го нарушуваат мирот се најчесто диктатори, автократи и се сметаат за незаменливи властодршци и истите најчесто завршуваат или на буниште, или во егзил или на суд за злосторства против човештвото и остануваат запишани во историјата за зло кое што не би сакале да се повтори“, пишува Стевче Дечев во колумната „Или мир или нова Октомвриска револуција!“.

УМЕТНОСТА И ПРКОСИ НА ВОЈНАТА

Денес во Киев, кој е под постојани напади од руските агресорски сили, се одржи уметничка акција Отворено небо / Бесплатно небо, на која Оркестарот Киев-Класик свири класични дела на концерт на Плоштадот на независноста како поддршка на повикот на народот и претседателот на Украина до светските лидери да го затворат небото.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ