• Latest
Добро утро со Орданоски

Осамениот руски амбасадор во Скопје

March 9, 2022
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Осамениот руски амбасадор во Скопје

Уметноста на дипломатијата е кога луѓето ќе ги испрати по ѓаволите, тие да посакаат да прашаат за упатство како да стигнат до таму. Деновиве Путин демонстрира дека ги знае точните дирекции за тоа како буквално да ја испрати Украина по ѓаволите.

March 9, 2022 06:30
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Деновиве мора да е тешко да се биде руски дипломат во поголемиот дел од светот. Не само затоа што и тоа се луѓе кои имаат совест, веројатно распната помеѓу, од една страна, агресивната официјална политика на Кремљ и сопствениот патриотизам; и, од друга страна, реалните информации за случувањата во Украина до кои тие – за разлика од нивните сограѓани во Русија, „поклопени“ од интензивните манипулации на суровата државна пропаганда на Путин – ги имаат на слободно располагање во земјите во кои се на служба… Туку и поради комплетната затеченост од развојот на состојбите во кои и самите се најдоа.

Којзнае што пишува(ло) во нивните тајни службени инструкции од Министерството за надворешни работи на Русија за тоа што треба сега да прават во државите каде што службуваат. Општ е впечатокот дека и нивниот долгогодишен шеф – своевремено сметан за брилијантен дипломат, а денеска за патетична сенка на тоа – Сергеј Лавров е оставен да импровизира со „играње на жица“ на меѓународната дипломатска ветрометина, во ситуација во која Русија е демаскирана и дискредитирана како јасен брутален агресор врз една голема, суверена европска држава. Самиот Лавров, во најдобар случај, според бројните упатени сомнежи, е оставен „замрзнат“ на ободот во надворешниот „круг со креда“ од оние кои се прашуваат или нешто решаваат во доверливото окружување на претседателот Путин. Сега во Москва само КГБ – всушност, дури ни тие, туку самиот кагебеовец Путин – го диктира темпото, а и тоа звучи раштимано и воено-политички неубедливо.

ЈАВНИ ДИСКРЕДИТАЦИИ

Кога во 2014 година Русија изврши насилна воена анексија врз Крим – како вовед во сегашниот обид за целосна окупација и, најверојатно, поделба на Украина – и сега покојниот долгогодишен (2006-2017) руски амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин (добро познат на балканската јавност од случувањата во воениот распад на некогашна Југославија), бил потполно изненаден. „Во редок момент на искреност, непосредно по информацијата дека тие го анектираа Крим, Чуркин ми кажа дека тој ‘никогаш не би помислил дека би направиле нешто такво’“, неодамна во едно интервју посведочи тогашниот француски амбасадор во ОН, Жерар Арод.

Па, ако и постојаниот руски претставник во главната светска мултилатерална организација, Чуркин, морал од Си-Ен-Ен да дознае за тогашната масивна воена интервенција на сопствената врз друга земја, на што ли може денеска да се надева некој руски дипломат во мала земја во светот – на пример, во Македонија? Особено по стопати повторените лаги на Кремљ, во месеците на масовните „воени вежби“ на границите со Украина, дека Русија апсолутно нема намера да прави инвазија врз својот западен „непослушен“ сосед и дека е тоа само „антируска западна пропаганда“ за да се нанесе штета врз рускиот углед во светот. Па, инвазијата ја направи. Самонанесената штета врз рускиот углед е со догледно терминален ефект.

Впрочем, само еден ден пред руското признавање на отцепените украински републики Донецк и Луганск (а, познато е што следуваше потоа), Анатоли Антонов, рускиот амбасадор во САД, јавно тврдеше дека руска „инвазија нема да има“ и дека „такви планови не постојат“. Многу е грдо кога кој било висок дипломат така јавно ќе се дискредитира со така очигледни лаги. Па макар и кога самиот нема поим – а, би морал да има – за тоа што се намерите, од ваква завојувачка магнитуда, на неговата земја.

Затоа и можеме само да претпоставиме како се чувствуваат украинските преговарачи на неколкуте тековни средби со руската страна, предводена од добро познатиот руски националист, некогашниот министер за култура Владимир Медински и руските заменици министри за надворешни работи и одбрана. Не е тешко да се заклучи дека овие „илузионисти“ се таму само дипломатски „да купат време“, без и самите да имаат поим кој ќе биде следниот потег на Путин со апсурдниот план за „денацификација“ на Украина?!

КАКО ИЗГЛЕДА ТОА ВО СКОПЈЕ?

Со рускиот амбасадор во РСМ, Сергеј Баздникин, се запознав неодамна, на еден јавен дипломатски настан организиран од една негова западна колешка. Ми пријде одзади, ме допре за рамото и со широка насмевка и подготвена визит-карта во раката, посака лично да ме запознае. Има такви луѓе за кои, дури и по кратка средба, не е тешко веднаш да стекнете добар прв впечаток: префинет, белокос дипломат, одличен познавач на балканските прилики и интелигентен соговорник (а, верувајте, во животот сум се изнаслушал здодевни, арогантни и глупави дипломати), кој не пропушти шанса, со суптилна загадочност во намерата, да ми соопшти дека редовно ги чита моите колумни.

После неколку протерувања на руски дипломати од Скопје минатата година – двајца јавно, уште барем толку „самоспакувани“, без официјално да се испратат до граница, откако флагрантно во разузнавачки обиди беа фатени во кршење на Виенската дипломатска конвенција – рускиот амбасадор деновиве беше повикан во нашето МНР да му се врачи дипломатска нота по јавната закана дека „Големиот (руски) Брат“ ги следи поединечните македонски граѓани и нивните „русофобни“ реакции во врска со „специјалната руска операција“ (војната) во Украина. Сосема заслужен демарш, дури и без разлика во каква (и дали има?) комуникација е нашето МНР со Украинската амбасада за неприфатливиот обид од Македонија организирано да се испраќаат доброволци на украинскиот фронт.

А, веќе по првиот ден од рускиот напад врз Украина, телефонски го побарав амбасадорот Баздникин, да го поканам на разговор во „Утрински брифинг“ за да ја објасни руската позиција – тогаш збунетоста и во нашата земја беше голема, денеска веќе не е – во она што и тогаш беше јасно дека ќе се развие во застрашувачки трагичен вооружен конфликт. Разговарав со некој од службениците во Амбасадата, но повратен одговор од амбасадорот никогаш не добив.

Сега Неговата Екселенција мора да седи осамен во својата резиденција и во Руската амбасада во Скопје, бидејќи овде Еритреа, Белорусија, Сирија и Северна Кореја немаат свои амбасадори, за да му прават друштво. Ја споделува изолацијата на својот шеф Лавров кога 100 делегации од 40 земји неодамна, во Женева, демонстративно го напуштија Советот за човекови права на ООН, оставајќи го него својот видео-говор да го испорача пред празните столчиња во салата. Ретко забележана бламажа дури и во светот на понекогаш вообичаеното дипломатско лицемерие.

ВО „КОФАТА“ НА ПУТИН

Познато е – и оваа изрека, погрешно, му се припишува на Черчил – дека уметноста на дипломатијата е кога луѓето ќе ги испрати по ѓаволите, тие да посакаат да прашаат за упатство како да стигнат до таму. Деновиве Путин демонстрира дека ги знае точните дирекции за тоа како буквално да ја испрати Украина по ѓаволите. Руските дипломати низ светот, во земјите каде службуваат, се ставени во „невозможна мисија“, стоејќи во Путиновата „кофа“ со лаги и закани, да мораат самите да ја подигнат од земја.

Освен ако не сакаат да го послушаат советот на првиот руски министер за надворешни работи по распадот на Советскиот Сојуз, Андреј Козирев, кој деновиве во впечатливото интервју кај Кристијан Аманпур на Си-Ен-Ен им порача на руските дипломати дека сега е време за оставки, како акт на несогласување со „варварскиот чин“ на Путин со војната во Украина. Тешки одлуки, во тешки времиња.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ