„Русија знае дека никогаш нема да го победи Западот, воено или економски“, изјави Владимир Владимиров, гополитчки аналитичар од Бугарија на панелот „Улогата на Русија во поддршката на големосрпската пропаганда на Западен Балкан“ на меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“.
„Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества. Основната цел е поделување на нашите општества. Руската пропаганда е базирана на една клучна работа, а тоа е отсуство на било какви правила и демократски бариери“, изјави Владимиров.
Конференцијата ја отворорија претседателот на СДА – Македонија, Џелал Хоџиќ, и заменик-претседателот на Главниот одбор на СДА – БиХ, Алија Табаковиќ.