Пратеникот Владимир Ѓорчев кој се кандидираше за Претседател на државата, предвреме ја започна претседателската кампања, иако неговата партија ВМРО-ДПМНЕ официјално не го прогласи за нивен кандидат.
„Пазарџиите ги разбираат живеачката и проблемите. Мора да се слуша народот. Зеленото пазарче во Скопје е одлично место за муабет и посета. Да победиме заедно. За Македонија!“, пишува Влатко Ѓорчев на својата Фејсбук страница.
Тој најави дека ќе ги посети сите места и ќе разговара со сите граѓани да ги слушне нивните проблеми.
ВМРО-ДПМНЕ треба да избере кандидат за претседател на државата на 16 февруари. Засега официјално е познато дека на огласот се пријавија Владимир Ѓорчев и Филип Перовски.
Д. Муратов