• Latest
Добро утро со Орданоски

Велигден како политички карневал?

April 10, 2018
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Велигден како политички карневал?

April 10, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]ладејачката Православна социјалдемократска партија на Македонија (ПСДМ) велигденските празници ги дочека, традиционално, ортодоксно-социјалдемократски: со многу свеќи, задушлив темјан, шарени јајца, заклани јагниња и јариња за крај на постот и со христоси кои воскреснаа низ целата земја македонска!

Браво. Баш како што доликува на една конфузна левичарско-центристичка партија во која нема согласност околу тоа кој колкав данок треба да плаќа во општеството, но затоа нема дилеми дека божествените провиденија и останатите придружни верски визвишенија треба доследно традиционалистички естрадно да си се прослават. Значи, не како приватно духовно право да си верува кој во што сака, туку со голема публичност, со камери и фоторепортери на сите страни, со туркање во првите минути на вестите, на насловните страници на весниците и со ударните објави на интернет-порталите, за да не се пропушти шансата да се покаже колку социјалдемокративе се „блиски до народот“.

Низ црквите, верниците тешко се пробиваа до распеаните велигденски попови и владици, изолирани од кордоните актуелни локални и државни функционери, насликани во првите епархиски редови. Претпоставувам дека групно го молеа Господ да им го овозможи божјото чудо на земјата од областа на инфраструктурните инвестиции, решавањето на спорот со името, структурните реформи и приемот на Македонија во ЕУ и НАТО.

За да нема забуни, дури и на официјалната партиска интернет страница на СДСМ, генералниот партиски секретар Кирацовски, „во духот на христијанските вредности“, ни го воскресна, навистина ни го воскресна Христос!

Додадете ја на тоа кичерајската верска хистерија на социјалдемократите на Фејсбук и едниот милион вибер-групи за трошење на христијанските телефонски батерии со бесмислени, иако несомнено добронамерни за-многу-години-празникот пораки – и сликата (да не кажам оваа пара-велигденската икона) е комплетна.

Социјалдемократи? Мај ееес! За Велигден (како и за Божик, Богојавление, Богоспасение, Крстофрлание и Крстофаќание) СДСМ повеќе наликува на некаква провинциска верска организација која, веројатно кога Господ паднал жртва на попладневна дремка, некако успеала да воскресне на власт глумејќи побожност.

Во Македонија, евидентно, никому не му пречи сквернавењето на Уставот, кога е секуларниот карактер на државата во прашање. Да потсетам, според членот 19, став 3, од Уставот, сите верски заедници „се одвоени од државата и се еднакви пред законот“. Во практика, не се. Ама кога е верата во прашање, тоа никому како да не му пречи.

А знае ли СДСМ колку од неговите гласачи не се побожни иле не се ни ортодоксни христијани, впрочем? Тие што да прават – да се организираат во изворна социјалдемократска фракција во партијата?

МПЦ токму сега, „под СДСМ“, ги доживува своите ѕвездени мигови. ВМРО со години презриво ги третираше владиките на МПЦ повеќе како вработени (и добро платени) спиритуални службеници, како општински секретари за (ограничени) духовни прашања во вмровската демохристијанска корпорација на власт. Во вмровската хиерархија на вредности, митрополитите им се на видно пониско ниво од гатачките и астролозите на Георгиевски и Груевски, можеби и затоа што вториве редовно им предвидуваа „дека ги чека далечен пат“ и „многу пари“.

Кај денешново СДСМ, пак, неколку видни министри, на чело со премиерот, како да се натпреваруваат кој ќе покаже поголема снисходливост и покорност кон нашава православна номенклатура. (Премиерот, да ве потсетам, и лично собираше донации за црквата во Струмица, нели…) МПЦ сега високо се вивна во политиката на нацијата со барањето за „посвојување“ до БПЦ, а владиката Наум е веројатно највлијателниот, не само духовен, туку политички советник на премиерот Заев. (Што, инаку, е комплексна „распутиновска“ тема која заслужува многу посериозно да се истражи.)

Значи, ако се држиме кон социјалдемократијата, и кон црковно-верските прашања, сегашниот СДСМ како да негува една идеолошки конфузна, вредносно збркана, политички контроверзна и кадровски нејасна политика.

Добро, можеби Христос навистина бил првиот реален социјалист на планетава Земја, но не верувам дека нашиве модерни сдсмовци ја имаат таа идеолошка финеса предвид кога за Велигден, невкусно, ни се натураат со своето јавно верско дефиле. Не бива од верата да се прави дневно-политички карневал. Особено не од страна на СДСМ, добога!

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВелигденвераМПЦрелигијаСДСМсекуларностУстав
Share356Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ