• Latest

ВМРО-ДПМНЕ демантира уште една изјава на Мицкоски

December 8, 2020

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ демантира уште една изјава на Мицкоски

December 8, 2020 16:07
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку Пендаровски го одбил членство во Европската економска зона, тогаш тој постапил неодговорно, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, на изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски дадена на вчерашната конференција за Западен Балкан организирана од „Пријателите на Европа“.

„Некои од нас во регионот, можам да зборувам само за Северна Македонија, добивме понуда од многу високи функционери да станеме членка на Европската економска заедница. Јас веднаш ја одбив оваа понуда затоа што овој тип размислување е катастрофален на долг рок“, изјави вчера Пендаровски.

Од опозициската партија велат дека членувањето во Европската економска зона ја олеснува трговијата и протокот на луѓе и стока, а одбвањето го сметаат за антидржавен чин. Од ВМРО-ДПМНЕ објаснуваат дека Европската економска зона е посебна зона составена од држави кои се дел од заедничкиот пазар на ЕУ, во која членуваат: Норвешка, Лихтенштајн и Исланд, а пред да влезе во ЕУ таму била и Хрватска.

Меѓутоа, на десетти ноември 2019 година, кога на земјата и се понуди членство во Европската економска зона, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дал децидна изјава која е сосема спротивна со тоа што денеска обвинува неговата партија. Според одговорот на новинарско прашање, станува јасно децидниот став на Мицкоски.

„За Македонија не постои друга алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија”, изјавил  Мицкоски.

Тој во тогашната изјава претендира дека не е известен што потпишува Зоран Заев, но, признава дека добил одговор од претседателот Пендаровски. Коментирајќи го членството во Европската економска зона, Мицкоски истакнал дека такви иницијативи за економска соработка можат да се реализират само преку билатерални договори, а Европската интеграција нема алтернатива.

„Секоја можност која Македонија може да ја искористи, а да се подобри квалитетот на животот на граѓаните треба да се икористи, но тоа се решава со билатерални договори”, изјавил Мицкоски на партискиот прес на 10 ноември 2019 година.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски, појаснуваат дека во октомври 2019 година кога отворањето преговори со ЕУ за нашата земја беше одложено заради усвојување на новата методологија, во Брисел, неофицијално циркулираше идејата за алтернативно членство за државите од Западниот Балкан во Европската економска зона, се разбира, откако ќе ги исполнат потребните услови за тоа, ставот на претседателот Пендаровски и тогаш и сега беше дека никаква алтернатива на членство не треба да се прифаќа затоа што полноправното членство во ЕУ подразбира да сте дел и од заедничкиот европски пазар.

„Меѓутоа, со цел да се оформи заеднички државен став во однос на изнесените идеи во Брисел, председателот Пендаровски, на 20 октомври 2019 година свика средба на претседателите на политичките партии од власта и од опозицијата кои имаат пратеници во Парламентот.

На средбата беше постигнат апсолутен консензус и од сите лидери, вклучително и од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше поддржан ставот дека на Република Северна Македонија и ѐ потребно членство во Европската Унија, а не учество во алтернативни облици на соработка со ЕУ, затоа што на земјата покрај економска интеграција и е потребна и политичка интеграција и усвојување на демократските стандарди и  вредности– владеење на правото, независно судство и медиуми, човекови права и слободи.

Во таа насока, сите присутни заклучија дека не треба воопшто да се размислува за алтернативи, туку земјата треба да продолжи со засилено темпо за реализирање на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Арбен Зеќири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ