• Latest
Фото/ Собрание на Р.С. Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ: Борба на „титаните“ или обично пазарење?

June 10, 2024

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ: Борба на „титаните“ или обично пазарење?

June 10, 2024 13:57
in ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Фото/ Собрание на Р.С. Македонија

Фото/ Собрание на Р.С. Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Предизборната кампања и политичкиот живот после неа во Македонија, се две работи сосема спротивни една со друга. Граѓаните колку и да се трудат да разберат и да се надеваат на промени, се чини дека после изборите остануват збунети.

ВМРО-ДПМНЕ со 58 освоени мандати на последните избори, целата своја кампања ја изгради на два наративи: нема договор со ДУИ и против договор под диктат со Бугарија.

Партијата со повеќе од 460 илјади гласови која пред изборите најавуваше дека ќе ја реорганизира Државната управа, а за тоа се потребни 80 пратеници постојано бараше 61 пратеник, за да не бидат условувани, а лидерот на партијата Христијан Мицкоски дури по изборите ја објави „радосната вест“ дека консолидирале 61 пратеник, без да прецизира кои се тие пратеници што ќе го направат двотретинското мнозинство.

Кој попушти, ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ?

Законот за реорганизација на министерствата беше донесен во 2 часот и 30 минути наутро со гласовите на ДУИ, а не на Европскиот Фронт, односно без оние на Алијансата на Зиадин Села. Од изјавите дека Албанците се дефакторизираат со овој закон, Европскиот фронт стигна до тоа да го гласаат законот, а за возврат добија ад-хок комисија.  Во однос на гласањето на овој закон од страна на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ го оквалификува како градење на консензус, без никакви услови.

Албанската опозиција поддршката на овој закон ја гледа како интерес за влез во владата. Во меѓувреме, Изет Меџити од ВЛЕН го нарекува очајничко, образложението на ДУИ за формирање привремена парламентарна комисија за следење на правична етничка застапеност во органите на извршната власт.

„Формирањето на ад хок телото за правична застапеност, очајнички за оние кои 20 години имаа можност да постигнат правично претставување, но не го направија, говори дека ДУИ е подготвена да прифати се, дури и милостина од ВМРО, само за да остане на власт“, напиша на Фacebook Изет Меџити.

Черчил: Доколку сакате некоја работа да остане незавршена формирајте Комисија

Формирањето комисија често изгледа како добра идеја за решавање на сложени проблеми, но реалноста е поинаква. Ако навистина сакате да не завршите некоја работа, формирајте комисија, рекол поранешниот прочуен британски премиер Винстон Черчил.

Во Македонија, од нејзината самостоjност до сега се оформени многу комисии, но ниту една не ја видела светлината на денот, што фактички ја потврдува изјавата на Черчил.

Во 2012 година беше формирана анкетна собраниска комисија за настаните од 24 декември, кога тогашната опозициска СДСМ при гласање на буџетот, беше насилно исфрлена од Собранието. Иако се очекуваше Комисијата да ги расчисти околностите, резултат немаше. Истата судбина ја доживеа и анкетната комисија за прислушувањето, формирана во 2015 година како резултат на Пржинскиот договор. Целта на оваа комисија беше да се утврди хронологијата на настаните и околностите поврзани со прислушувањето, но исто така немаше успех.

Во 2017 година беше најавено дека ќе се формира Анкетна комисија која ќе го расчисти случајот од 9 и 10 мај 2015 година во „Диво Насеље“ во Куманово. Но, оваа комисија не одржа ниту една седница. Во 2022 година, пред Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, беа и трагичните случаи со палењето на модуларната болница и несреќата на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија. Но, на седницата на која требаше да се разгледуваат информациите за овие два настана, пратениците на ДУИ и на СДСМ не дојдоа, па седницата не се одржа поради немање кворум.

Цел овој историјат нѐ учи дека ниту една од комисиите формирани во рамките на собранието, не функционирала, па граѓаните со право договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го гледаат како некаква коалиција, каде што само тие ги знаат причините.

Со гласот на само 10 пратеници на Европскиот фронт се чини дека овој фронт оди кон раскол.  Првите знаци на неединство или најблаго речено поделеност во овој фронт беа изразени во ноќта кога само пратениците на ДУИ, главната партија во овој Фронт, гласаа за законските измени предложени од ВМРО-ДПМНЕ за преуредување на министерствата, иаку претходно изјавија дека истиот закон е „дефакторизирање на албанците“.

Н. А.

Tags: ВЛЕНВМРО-ДПМНЕевропски фронт
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ