• Latest

ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа Русковска да го презеде местото на Катица Јанева

July 21, 2019
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ сака „без нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа Русковска да го презеде местото на Катица Јанева

July 21, 2019 11:29
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред пратениците следната недела во Собранието ќе се најде новиот текст на законот за Јавно обвинителство, со кој Специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Опозицијата го прифаќа владиниот предлог за интегрирање на СЈО во ЈО, но не прифаќа истото да го предводи обвинителката Вилма Русковска. За министерката за правда, пак, Рената Дескоска, случајот „Рекет“ само го зaбрзало реализирањето на идејата да се интегрираат СЈО и ЈО.

Премиерот Зоран Заев во петокот на прес-конференција најави дека следната недела во Собранието ќе биде предложен новиот текст на законот за Јавно обвинителство, во кој се вградени оние точки за кои е разговарано со опозицијата и со сите пратенички групи и кои се прифатливи за сите, ако не за најголемиот број пратеници.

Новото СЈО ќе се преименува во ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела територија на земјата и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција, а сепак е во хиерархија и субординација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Сите обвинители од СЈО ќе продолжат да работат во ова ново обвинителство. Нивниот мандат истекува на 15 септември, а тие имаат право на реизбор, ако сакаат да се кандидираат.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа владиниот предлог за интегрирање на Специјалното јавно обвинителство во ЈО, но не прифаќа истото да го предводи обвинителката Вилма Русковска.

– Со спојувањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Јавното обвинителство односно со припојувањето, на некој начин со влегувањето, тоа е практично прифатливо и тоа е една од оние можности кои што беа понудени. Во однос на деталите на законот веднаш штом ќе биде анализиран ќе излеземе со конкретни забелешки, бидејќи треба време за целиот закон да видиме колку е поразличен од оној ние што го подготвувавме, колку е поразличен од точките кои беа разговарани на средбите на преговарачките тимови, рече вчера портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Министерката Дескоска, пак, вчера истакна дека идејата за интегрирање на СЈО во ЈО била ставена на маса од страна на Министерството, во преговорите со опозицијата за новиот закон за ЈО и вели оти очекува ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот предложен од Владата затоа што одделението за организиран криминал покажало дека може да се справи со случите на висока корупција.

Според неа, случајот „Рекет“ само го забрзало реализирањето на идејата да се интегрираат СЈО и Јавното обвинителство.

Обвинителката Русковска, која сега е шефица на Обвинителството за гонење  организиран криминал и корупција, вчера рече дека не била консултирана за новиот закон за јавно обвинителство и била изненадена од објавата за него. Веројатно ќе има некои забелешки за законот кој се уште не го видела детално.

– Сметам дека Вишото обвинителство треба да ги застапува предметите на новото обвинителство пред Апелацискиот суд, рече Русковска.

Според неа, новото обвинителство може да го отвори од почеток предметот „Империја“.

Законот за Јавно обвинителство и решавање на статсусот на СЈО, заедно со засилената борба против корупцијата, е и едно од барањата на ЕУ за почеток на преговори за членство. Според европските претставници во земјава, доколку се усвои законот за јавно обвинителство тоа ќе покаже дека партиите се способни заеднички да се договорат околу суштински работи, бидејќи законот не се носи само за ЕУ, туку за сите граѓани на земјата.

Извор: MИА

Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ