• Latest

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ ги злоупотребуваат наставниците со организирање на партиски протест

August 31, 2024

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ ги злоупотребуваат наставниците со организирање на партиски протест

August 31, 2024 14:25
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По најавите дека СДСМ утре ќе организира собир на наставници пред Министерството за образование и наука од каде ќе побараат зголемување на платите на наставниците од есенва, реакција пристигна од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Сергеј Попов на прес-конференција рече дека СДСМ и ДУИ вршат брутална злоупотреба на наставниците со организирањето на партиски протест со што пак докажуваат кој стои зад наводниот синдикат.

Попов обвини дека протестот го организира довчерашниот државен секретар во Министерствтото за образование и наука, Билјана Казанџиска која била трет човек по хиерархија во институцијата и која имала можност да придонесе за подобри плати и услови за работа, а која наместо тоа, оставила празен буџет за оваа намена во 2024 година.

„Сведоци сме на една трагикомична ситуација, СДС кои 7 години беа на власт утре организираат протест пред Министерството за образование и наука. Група членови на СДС ќе протестираат барајќи повисоки плати за наставниците. Протестот го организира довчерашниот државен секретар во МОН, Билјана Казанџиска. Ситуацијата, едноставно опишана е следна – Казанџиска свесно турнала некого на земја и сега му подава рака за да стане, претставувајќи му се како заштитник“, рече Попов.

Пратеникот рече и дека СДСМ можеле да реализираат покачување на платите во периодот кога биле на власт, но оти наместо да ги подобрат условите, тие буџетските средства ги користеле за милионски набавки во ЕСМ и патувања на министрите.

„Апелираме до наставниците да не наседнуваат на партиски хушкања. Да не подлегнуваат на притисоци на опозицијата која 7 години беше власт и не се погрижи да им обезбеди достоинство и пристоен живот. Актуелната Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ има конкретен план како да го врати дигнитетот на наставниците. Со враќање на девастираните институции во нормала и со креирање на нов буџет за 2025 година кој домаќински и транспарентно ќе се користи, ќе се обезбедат пари за повисоки плати, за подобри услови за работа и за повеќе можности за кариерен и професионален развој“, вели Попов.

Претходно денеска, пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, на прес-конференција рече дека СДСМ утре ќе организира собир на наставници на кој ќе побараат покачување на платите во образованието за 12 отсто и да се исполнат барањата на наставниците. Овој собир, вели таа, е предупредување на почетокот на учебната година зашто, како што рече, јасно е дека Мицкоски и Јаневска немаат концепт ниту јасен план за развој на образованието и оти тие целосно го погазиле ветувањето дека платите на наставниците ќе се зголемат.

„Во септември 2022 и 2023 година СДСМ ги покачи платите во образованието на двапати по 15 проценти. Претходно, во септември 2021 година, покачувањето беше од 10 проценти, а во септември 2019 и 2020 година по 5 проценти. Дојде ДПМНЕ на власт, дојде септември и сега нема пари за наставниците. Нема квалитетно образование без инвестиција во образовниот кадар. Но не се само платите. ДПМНЕ не сака да ја намали ниту непотребната административна работа која се бара од наставниците“, рече Николова.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ