• Latest

ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, СДСМ со серија маалски средби, ЗХГ претстави кандидатка од независната листа, ОДИХР започна со набљудување

September 7, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, СДСМ со серија маалски средби, ЗХГ претстави кандидатка од независната листа, ОДИХР започна со набљудување

September 7, 2021 22:24
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во денешниот втор преглед на изборните активности на политичките партии и независните кандидати на локалните избори ги издвојуваме претставувањето на кандидатите на ВМРО ДПМНЕ, серијата маалски средби на СДСМ со граѓаните, претставувањето на кандидатка на независна листа на „Зелен хуман град“ и прес конференцијата на ОБСЕ/ОДИХР.

ПРЕТСТАВУВАЊА

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Гази Баба ги претстави кандидатите за градоначалници на општина Гази Баба и на Градот Скопје, Бобан Стефковски и Данела Арсовска, кои пред граѓаните на општината ја претставија својата визија за Гази Баба и за Скопје. Кандидатите ги претстави партискиот шеф, Христијан Мицкоски.

Христијан Мицкоски во Гази Баба, 7 септември 2021

Зелен Хуман Град (ЗХГ) на својата Фејсбук страница ја претстави кандидатката од независната листа за советници за Град Скопје, Андријана Папиќ Манчева.

Андријана Папиќ Манчева, ЗХГ

Кандидатката на ЗХГ веќе неколку години професионално е ангажирана во ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување каде што сексуалната и репродуктивната слобода и права се врвен приоритет.

СДСМ денеска одржа серија маалски средби со граѓаните. Претседателот на Комисијата за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски, се сретна со граѓаните во општина Аеродром.

Пратеничката на СДСМ, Марија Ангелова, се сретна со жителите на Македонска Каменица. Членката на Централниот одбор на СДСМ, Јована Тренческа, беше на маалски средби во Кичево.

Претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, беше со граѓаните на Тетово. Претседателката на Комисијата за животна средина Каја Шукова ќе се сретне со жители на Петровец.

Зоран Атанасов, Пеце Мирчевски и Зоран Китанов од СДСМ беа со граѓаните на Кривогаштани, Илинден и Росоман.

Претставување на кандидатот на СДСМ за локалните избори, Кавадарци, 7 септември 2021 г.

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски денеска во Кавадарци учествуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Кавадарци на коалицијата предводена од СДСМ, Горан Тодоров.

МОНИТОРИНГ

ОБСЕ/ОДИХР денеска одржа прес конференција во 15 часот и со тоа го означи почетокот на својата набљудувачка мисија за локалните избори закажани на 17 октомври. ОДИХР најави дека ќе вклучи 20 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи.

ЦИВИЛ спроведува мониторинг на локалните избори, преку своите долгорочни набљудувачи од почетокот на август. Воедно, медиумската платформа на организацијата секојдневно ја информира јавноста за сите важни аспекти на изборниот процес.

Во рамките на својот долгорочен изборен мониторинг, ЦИВИЛ и Редакцијата при медиумската платформа, редовно ги бележат настаните на различните учесници во изборната трка.

Организацијата неодамна ги повика политичките партии и независните кандидати редовно да ја известуваат организацијата и нејзината медиумска платформа за своите активности. Дел од учесниците во изборната трка сè уште не одговорија на повикот.

Д. Мишев

 


Претходното издание на изборната хроника „Алијансата за Албанците го објави кандидатот за општина Сарај, дуел меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, информација за објавите на ФБ страниците на независните“ беше објавено во 17 часот.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ