ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Дарко Каевски од функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт и преземање одговорност за скандалот со збирката поезија „Млади поети“.
„Дарко Каевски кој самиот се фати во лага, каде што рече дека се објавени 44 творби во збирката и дека претседателот на комисијата за издавање не знаел дека треба да се селектираат творбите, а на поетското читање агенцијата објави дека 48 автори испратиле творби, вчера вели и дека не знаел дека е ставен за уредник на збирката“, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој во своето обраѓање од медиумите ги постави прашањата дали Каевски ќе ги врати парите од исплатената книга и за колку пари станува збор.
„За само 10 месеци Дарко Каевски од Агенцијата за млади и спорт од најдобра институција, успеа да направи траги-комична институција, која шири шовинизам и говор на омраза“, рече Андоновски, повикувајќи на одговорност од директорот на Агенцијата за млади и спорт.