• Latest
Фотомонтажа: ЦИВИЛ/ скриншот од видеа на Х

ВМРО опозициско против ДПМНЕ владејачко – ветер и магла

December 22, 2025
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ВМРО опозициско против ДПМНЕ владејачко – ветер и магла

December 22, 2025 15:07
in БРЗА ПОШТА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: ЦИВИЛ/ скриншот од видеа на Х

Фотомонтажа: ЦИВИЛ/ скриншот од видеа на Х

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Шефот на кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски, Владимир Неловски, честитајќи им го празникот на граѓаните кој одлучиле смогот од Скопје да го заменат со чистиот воздух на Водно, и самиот качен  на Водно, констатира од горе дека, за жал, и Водно е загадено по што обвинува дека, за жал, Град Скопје и Министерството за Животна средина не доволно се справуваат со овој проблем, многу значаен за сите Скопјани. Неловски порачува дека токму затоа, треба да с прифатат сите иницијативи од екологистите и од сите невладини организации  ( але шо збораш) кои се занимаваат со оваа тематика.

Неловски нуди и конкретни решенија: потребни се 25 000 филтри за домаќинствата кои не се на парно греење, потребна е зголемување на инспекциските служби, потребно е конечно да се реши проблемот со дивите депонии кои што на секој чекор никнуваат во Скопје, и се разбира, конечно да се реши проблемот со јавниот превоз, и тоа не преку технички спецификации и проектни планови, туку вистинско решавање на тој проблем.

Ау ау ау и Нело удри по неговите. pic.twitter.com/8ULu5mfPho

— Робусна Акција (@RoAcX87v2) December 21, 2025

И советникот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли во владата и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски имаше  драматично, дури и траорно видео обраќање до Владата со повик да се спречи геноцидот на граѓаните на Скопје.

Невозможно е да се живее во Лисиче, во Општина Аеродром, во Скопје. Ова не е само магла, ова не е само загаден воздух, ова е гасна комора. Добивме смртоносно загаден воздух, црвениот аларм треба да се вклучи, ова е геноцид врз населението во Скопје, ова е реалноста , не е измислица, вели Стоилковски напрегајќи се низ замаглените очила да  го прочита напишаното на мобилниот телефон и почажувајчи со раката кон магловитата сцена од Скопје позади себе.

Стоилковски додава дека никаде во Скопје нема услови за живеење, и го изнесува барањето Владата во координација со Град Скопје да прогласи вонредна состојба, зошто, како што вели, се поинаку од итна интервенција е намерна негрижа, намерно изложување на опасност на жителите на Скопје, и намерно загрозување на здравјето на иднината на Република Македонија.

🚨 ‼️🔔Наум Стоилковски со драматично обраќање до Владата и со повик да се спречи геноцидот на граѓаните на Скопје.

**Наум, скоро 2 години сте власт, редно време е да се освестите и да почнете да ја вршите работата за која сте скапо платени. pic.twitter.com/EV57wwTFbK

— Робусна Акција (@RoAcX87v2) December 20, 2025

Некој ќе рече браво за двајцата, сé што кажаа е на место. Но, за жал (што би рекол Нелоски) овие изјави на двајцата не се од сега и не се упатени кон оваа, вмровска влада. Тие датираат од времето кога и двајцата, со сé цела партија, беа во опозиција. Тогаш им пречеа и загадениот воздух, и маглата, тогаш имаше геноцид врз граѓаните, тогаш бараа акција и решение на проблемот од Владата.

Сега, откако ги сместија задниците во удобните функционерски фотељи, веќе не имсмрди, сега мириса на лаванда и „оушн бриз“- од озонерите и прочистувачите на воздух во канцелариите и службените автомобили.

Останува уште да не убедуваат како Итар Пејо мариовците, дека тоа не е магла, туку волна, која народот може да ја преде, плете џемпери, ракавици, капи, шалови….

Додека има овци, ќе има и волна!

П. С. Вчера Скопје го „освои“ прво место во Европа, според загаденоста на воздухот и се најде меѓу најзагадените градови во светот, според податоците на глобалната платформа за следење на квалитетот на воздухот IQAir.

Стоилковски, Нелоски, Орце… ај Честито!


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

Tags: Владимир НелоскиВМРО - ДПМНЕзагаден воздухНаум СтоилковскиСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ