Повеќе од 170 бомби од Втората светска војна се откриени под детско игралиште во северна Англија, соопштија официјални лица, а според медиумите, се верува дека ќе бидат пронајдени уште.
Првите бомби, кои сè уште имаат полнење, беа откриени во јануари на игралиште во градот Вулер, Нортамберленд, објави Би-Би-Си, пренесе МИА.
Досега се пронајдени вкупно 176 бомби, а експертите стравуваат дека ќе бидат пронајдени уште.