• Latest
Фото: МИА

Во Брисел започна состанокот за билатералниот скрининг за Поглавјето 12

November 27, 2023
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Брисел започна состанокот за билатералниот скрининг за Поглавјето 12

November 27, 2023 12:24
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Денеска на првиот ден од петдневниот билатерален скрининг состанок со Европската Комисија, за усогласеноста на македонското законодавство со европското, што се одржува во Брисел, Белгија, воведно обраќање имал директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, во својство на раководител на работната група за Поглавјето 12, во рамки на Кластерот 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија.

Како што пренесува МИА, тој изразил благодарност до Комисијата за целокупната досегашна поддршка и соработка, во областа на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, во процесот на евроинтеграција на земјава.

Агенцијата за храна и ветеринарство, додал тој, е носител на поглавјето 12, со оглед на фактот дека од вкупно шест подрачја од кои се состои тоа, пет се во надлежност токму на Агенцијата за храна и ветеринарство. За подрачјето од областа на фитосанитарната политика и зоотехника надлежно е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Имајќи ја предвид обемноста на Поглавјето 12 (доказ за тоа е и времетраењето на самиот билатерален состанок) како и карактеристиките на законодавство кое подлежи на чести измени, целокупниот процес на усогласување и негово спроведување бара континуиран ангажман, воспоставена структура кај надлежните институции и подготвеност за примена на преземените барања, за што се неопходни капацитети, т.е. подготвена административна служба, која не само што има улога да придонесе за напредокот на самата администрација, туку и за бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, истакнал Бабовски во обраќањето, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Надлежните институции вклучени во поглавјето 12, посочил тој, во континуитет вршат усогласување на законодавството на ЕУ и досега постигнат е висок степен на усогласеност. Следејќи ги тековните промени во европското законодавство, во тек е измената на повеќе закони и подзаконски акти кои произлегуваат од Регулативата на ЕУ 2016/429 (тн Закон за здравствена заштита на животните ), Регулативата 2016/2031 за здравје на растенијата, како и делегирачки и имплементирачки акти кои произлегуваат од Регулативата на ЕУ за официјални контроли 2017/625.

-Надлежните институции редовно спроведуваат активности за зајакнување на административните капацитети со цел ефикасна имплементација на законодавството усогласено со соодветното законодавство на ЕУ. Посебен акцент ставам на институционалните реформи што се случија пред повеќе од 13 години со формирањето на Агенцијата за храна и ветеринарство како единствен орган за безбедност на храна. Ова беше оптимално решение за да се надминат дотогашните преклопувања на надлежности и други тешкотии кои беа пречка да се испочитуваат барањата на законодавството на Европската Унија, потенцирал тој.

Од исклучителна важност, како што се наведува во соопштението, е финансиската поддршка преку ИПА програмите кои ја обезбедува Европската унија за ефикасна имплементација на законодавството од Поглавјето 12, како и за дополнително зајакнување на институционалните и административните капацитети на институциите надлежни за ова поглавје.

-Европската комисија повторно го оцени Поглавјето 12 со виска оцена и во последниот Извештај за напредокот на нашата земја во евроинтеграциите. Наредните пет дена очекувам дека само ќе го потврдиме нотираното во Извештајот, со верување дека Поглавјето 12 ќе добие шанса за понатамошен напредок, со отворање на преговорите за членство во Европската унија, заклучил Бабовски во обраќањето пред претставниците на Европската Комисија и членовите на работната група за преговарачкото Поглавје 12.

Заменик главниот преговарач со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Дрита Абдиу-Халили денеска во Брисел во воведно обраќање пред Европската комисија истакна дека Поглавјето 12 е важно за здравјето на нашите граѓани, нема ништо поважно од здрава и безбедна храна.

Ова поглавје, како што информираат од СЕП, опфаќа детални правила и мерки од областа на безбедноста на храната, воспоставување правила за заштита на потрошувачите, хигиена и презентација на прехранбените производи, контроли и механизми за гарантирање на безбедноста на храната итн.

-Исто така тоа вклучува и аспекти на хигиена поврзани со преработката и пласирањето на пазарот на прехранбени производи, особено храна од животинско потекло. Аcquis-то во ова поглавје ја регулира и трговијата во Унијата на живи животни и производи од животинско потекло, контролата на болестите на животните и други аспекти поврзани со здравјето и благосостојбата на животните. Во областа на заштитата на растенијата, acquis-то за ова поглавје воспоставува сеопфатни правила во врска со контролата на штетните организми за растенијата и растителните производи, употребата на пасошот на растенијата во трговијата со растенија наменети за садење, процедурите за одобрување производи за заштита на растенијата, мерките за карантин, остатоци од пестициди кои се користат за растително производство, маркетинг и квалификација на семиња и садници, се наведува во соопштението.

Во обраќањето пред Европската комисија, Абдиу-Халили посочила дека се работи за исклучително важно поглавје кое е сочинето од голем број на обрзувачки правила и мерки, и нивната соодветна и ефективна апликација е од големо значење за целокупниот процес на преговори за членство на нашата држава во ЕУ.

-Ова поглавје има директно влијание врз здравјето на граѓаните, безбедноста на храната како и здравјето на животните. Во изминатиот период, како држава, сме работеле интензивно на транспонирање на релевантното Acquis во нашето национално законодавство, како и на зајакнување на напите административни и оперативни капацитети, истакнала меѓу другото Абдиу Халили.

Државната делегација за Поглавје 12 ја предводи заменик главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу Халили, а институција носител за ова поглавје е Агенцијата за храна и ветерина. Исто така дел од работната група за ова поглавје се: Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Фитосанитарна управа, Државен инспекторат за земјоделство, Управа за семе и саден материјал, Министерство за животна средина и просторно планирање како и Секретаријатот за Европски прашања.

Северна Македонија со билатералните скрининг состаноци за поглавјата 30 и 31 предвидени да се одржат на 6 и 7 декември оваа година, а кои се дел од последниот Кластер 6 – Надворешни односи, целосно го заокружува скринингот со Европската Комисија.

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БриселЕУинтеграцииПоглавје 12СЕПскрининг
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ