• Latest

Во Дебар и Центар Жупа во тек скринингот за имунитет, направени околу 1.300 тестови

April 24, 2020
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Во Дебар и Центар Жупа во тек скринингот за имунитет, направени околу 1.300 тестови

April 24, 2020 17:52
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Дебар и Центар Жупа, двете општини кои беа првото жариште на коронавирусот во државава, во тек е скринингот за имунитетот на населението.

Според 14 матични лекари, направени се околу 1.300 тестови, a се работи од 8:00 до 15 часот, дел и подолго, а се врши тестирање и дома на поизнемоштени лица.

-Со тестирање почнавме од вчера и до денеска со екипата од мојата амбуланта имаме направено над 120 тестови. Јас како матичен лекар треба да направам 240 тестови што е околу 30 отсто од вкупниот број осигуреници чиј матичен лекар сум јас. Напорно е бидејќи даваме и други здравствени услуги, но сепак во интерес на здравјето на нашите граѓани ќе ја реализираме и оваа обврска, изјави за МИА,Африм Маќелара, матичен лекар.

Додава дека, врз основа на препораката од Министертвото за здравство, тестирањето ќе се врши на четири категории осигуреници и тоа на деца до четири годишна возраст,
потоа од пет до 14 години, од 25 до 64 години, како и на лица над 65 години. Тоа значи ќе бидат опфатени 30 отсто од осигурениците или над 2.300 лица.

Инаку, според директорот на Општата болница во Дебар, Баки Халили, на домашно лекување во Дебар се уште две лица заразени од „Ковид-19“,од нив еден здравствен работник.

„Ним по два дена ќе им се направи ретест. По добиениот резултат, доколку е негативен, по три дена од добиениот резултат ќе им се направи уште еден тест и доколку повторно биде негативен , ќе се смета дека се оздравени“, вели Халили.

Во Дебар веќе деветти ден нема ново заразени лица. Вкупната бројка останува 51, од нив две лица, кои беа и првозаразени, се од Центар Жупа. Оздравени се 45 лица а четири починаа,тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ