„Безбедноста и реформите во полицијата: Поблиску до граѓанките и граѓаните“ е темата во фокусот на ЦИВИЛ на панел дискусијата утре, четврток, 31 март, со почеток во 13 часот.
Учество на панел дискусијата ќе земат претставнички и претставници од МВР и од граѓанското општество, а ќе се отворат повеќе прашања од областа на безбедноста и реформите во полицијата. Дискусијата ќе ја води Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
Настанот ќе биде емитуван во живо, на Фејсбук страницата и видео каналот на Јутуб на ЦИВИЛ.