Во фокусот на ЦИВИЛ се национализмот и дискриминацијата на локално ниво. Во најновото издание „Во фокусот“ станува збор за национализмот и дискриминацијата на локално ниво, за првичните резултати од истражувањето на ЦИВИЛ во овие области, како и за други теми и настани.
Фокусот ќе биде „изострен“ денеска, 12 мај, со почеток во 13:30 часот и ќе се емитува во живо, на Фејсбук страницата и Јутуб видео каналот на ЦИВИЛ.
Настанот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, финансиран од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.