ЦИВИЛ ќе одржи настан во рамки на серијата „Во фокусот“, на тема „Национализмот како политичко оружје“, во четврток ( утре), 11 август, со почеток во 12 часот, во студиото на ЦИВИЛ прес центарот.
Во изминатиот месец бевме сведоци на исклучително силни националистички наративи и кампањи од одредени политички субјекти, во однос на Европскиот предлог со кој Северна Македонија ги започнува пристапните преговори за членство во ЕУ. Националистичките наративи имавме можност да ги забележиме на улица, за време на протестите против европскиот предлог, но и во најзначајниот законодавен дом, Собранието на Северна Македонија, од пратениците.
Како дел од пратениците кои беа мета на говорот на омраза и националистички изблици, се справија со ваквиот „третман“ од своите колеги, кои се последиците, има ли „лек“, односно дали се работи на спроведување соодветна акција во форма на санкции за пратениците кои користат експлицитен говор на омраза во Собранието, местото во кое се поставени од граѓаните, кон граѓаните и своите политички опоненти, ќе бидат дел од темите и прашањата за кои ќе стане збор на утрешниот настан.
Водителки ќе бидат Дијана Тахири и Биљана Јордановска, ЦИВИЛ, преку нарација и видео прилози од учесници на дебати на овие теми.
Настанот е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.