• Latest

Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија контаминираната почва од кругот на ОХИС

April 14, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија контаминираната почва од кругот на ОХИС

April 14, 2021 14:37
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија ќе биде извезена контаминираната земја под линданот во кругот на фабриката ОХИС. Од малата депонија до почетокот на наредната година до колку дозволат условите со пандемијата, би се отстраниле првите количини од 700 тони контаминирана почва.

Ова како што информира портпаролот на Владата Душко Арсовски го предвидува планот за ремедијација на локацијата во фабриката, кој започнува со денешното издавање дозволи од министерот за животна средина.

-Со издавањето на ова решение денеска од  министерот за животна средина почнува имплементацијата практично на планот за ремедијација. Во постапката за издавање на две дозволи за извоз на опасен отпад од страна на Министерството согласно Базелската конвенција, во Франција ќе се извезе линдан, а во Холандија ќе биде извезена контаминираната земја под линданот во кругот на фабриката. Според временската рамка предвидено е процесот на отстранување на делот од малата депонија да заврши до почетокот на наредната година до колку дозволат условите со пандемијата при што би се отстраниле првите количини, тоа се 700 тони контаминирана почва, изјави портпаролот Арсовски на новинарско прашање кога ќе започне процесот на отстранување на линданот од фабриката.

Арсовски и колегата Муамет Хоџа на денешната прес – конференција информираа дека Владата вчера на 65-тата седница го одобри планот за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС“- Скопје и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе Решение за одобрување на планот за конечна деконтаминација на линданот во кругот на фабриката.

Ова решение, како што информираа од владината прес-служба, следува откако UNIDO, односно Агенцијата за индустриски развој на ОН го информираше Министерството за животна средина дека планот доставен од грчката компанија специјализирана за овој тип активности „Polyeco“ е одобрен за спроведување на постапката за деконтаминација на почвата во АД „ОХИС“- Скопје.

На прашањето зошто Владата не ги објави авторските трудови на хонорарците на Петрит Сарачини, Ивана Митрова, Ибраимовски, Арсовски истакна дека сите хонорарно ангажирани лица од страна на Владата имаат авторски договори на определен рок за точно утврдени цели и задачи.

-Владата транспарентно ги објави сите овие податоци како стандард што до сега го немало во СМ. Точно се знае за што Владата ангажира физички лица надвор од редот на вработените. Тие ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост. Квалитетот на извршувањето на задолженијата  го оценува Владата. Делата, трудовите и анализите кои се подготвени од соработниците непречено ги користат службите во Владата и институциите при реализацијата на различни проекти од интерес на граѓаните, рече Арсовски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ