Во изминатите 24 часа во Грција се регистриран 17 нови случаи на коронавирусот, со што бројот на заразени се зголеми на 2.224 лица, додека пак животот го загубија уште три лица, односно вкупно 108 од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за здравство на Грција, попладневно соопштија дека 71 лице е хоспитализирано на интензивна нега, а 35 пациенти биле отпуштени од Одделите за интензивна нега во грчките болници.
Од починатите 108 лица, 29 се жени (26,5 отсто), а останатите мажи, додека пак просечната возраст е 74 години. 89,8 проценти од нив имале некаков здравствен проблем и/или се на над 70-годишна возраст.