• Latest
Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

Во Хаг отворен меѓународен регистар на штети предизвикани од руска агресија

April 5, 2024

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во Хаг отворен меѓународен регистар на штети предизвикани од руска агресија

April 5, 2024 10:10
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот регистар на штети предизвикани од руската агресија сега е во функција. Ова го соопшти заменик-шефицата на Кабинетот на претседателот на Украина Ирина Мудра за време на конференцијата „Враќање на правдата за Украина“.

„Пред две години, пред една година, малку луѓе веруваа во самиот концепт на Меѓународниот механизам за компензација, а денес ја лансираме неговата прва компонента – Меѓународниот регистар на штети. Ова е големо достигнување не само за украинскиот тим, туку исто така за целата меѓународна заедница, револуционерен настан за глобалното меѓународно право. Регистарот стана возможен поради невидената поддршка од целиот свет, вклучително и судбоносната Резолуција на Генералното собрание на ОН и вклучувањето на Европската унија и земјите од Г7“, вели Заменик-шефицата на  Кабинетот на претседателот Зеленски.

Работиме со меѓународни партнери на подготовка на правен инструмент со кој ќе се формира Комисија за компензација. Комисијата е таа што ќе додели исплати.

„Во тек се консултации за полнење на Фондот за компензација со замрзнатите средства на Руската Федерација, бидејќи агресорот мора да плати за страдањата на земјата“, рече Ирина Мудра.

Меѓународниот регистар на штети е компонента на сеопфатниот меѓународен механизам за компензација. На 18 мај 2022 година, со декрет на претседателот на Украина беше формирана работна група за развој и спроведување на меѓународен правен механизам за надомест на штета. Со него претседаваше шефот на Кабинетот на претседателот Андриј Јермак, а со соодветната област претседаваше Ирина Мудра.

Регистарот ќе започне да прима апликации за категорија А3 (физички лица). Неговото име е „Оштетување или уништување на станбени недвижности“. Севкупно, ќе се состои од 40 категории и ќе прифаќа апликации од засегнати физички лица, правни лица и од државата Украина. Ова особено вклучува смртни случаи, тортура, сексуално насилство, телесни повреди, принудно раселување и принудно преселување на лица, губење на имот и приход, оштетување на критична инфраструктура и други државни објекти, оштетување на историското и културното наследство и оштетување на животната средина.

Меѓународниот регистар на штети е дигитална платформа. Апликациите ќе се прифаќаат преку мобилната апликација Diia или веб-порталот https://diia.gov.ua/. За да поднесете апликација, потребно е да пополните електронски формулар, да обезбедите лични податоци и релевантни докази (документи, записи, изјави, фотографии, видеа или други материјали кои ја потврдуваат штетата).

Во работата за создавање на Специјален трибунал за злосторството на руската агресија во Хаг учествуваше и Северна Македонија за што украинската амбасадорка во земјава се заблагодари преку објава на Твитер на 770 ден од целосната руска инвазија врз Украина.

770.Го цениме учеството на🇲🇰(2.04.24,Хаг)во работата за создавање на Специјален трибунал за злосторството🇷🇺агресија.
🇷🇺злосторници кои извршија убиства во Буча,Ирпињ…мора да бидат изведени пред лицето на правдата
Неказнувањето само ги охрабрува🇷🇺агресори за уништување на животи pic.twitter.com/3WqujMTQ56

— Larysa Dir (@dir_larysa) April 3, 2024

770.Го цениме учеството на Северна Македонија (02.04.24,Хаг)во работата за создавање на Специјален трибунал за злосторството на руската агресија. Злосторници кои извршија убиства во Буча,Ирпињ…мора да бидат изведени пред лицето на правдата Неказнувањето само ги охрабрува руските агресори за уништување на животи, напиша Дир.

Драган Мишев

 

Tags: Војна во Украинаруски воени злосторстваСпецијален трибунал за злосторството на руската агресија во Хагукраинската амбасадорка Лариса Дир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ