Во Италија во последните 24 часа од Ковид-19 починале 601 лице, а регистрирани се 4.790 новозаразени, информираат италијанските медиуми.
Вкупниот број на заразени лица во Италија се искачи на 63.928.
Добра вест е што веќе втор ден по ред паѓа бројот на починати, со оглед на тоа што вчера починаа 651 лице.
Во последните 24 часа излекувани се 408 луѓе, со што вкупниот број на оздравени сега изнесува 7.432.